Туристи, добро дојдосте

Она што скопјани го зборат за охриѓани веројатно нема стигнато до Светскиот економски форум, кој во својот најнов извештај ја прогласи Македонија за четврта земја во светот според гостопримливоста за туристи.

Меѓу бројните анализи објавени во "Travel and Tourism Competitiveness Report 2013" има и рангирање на земјите според "Односот на популацијата кон посетителите од странство."

Најпријателска држава за туристи во светот е Исланд, Нов Зеланд е на второ, Мароко е на трето, а зад нас на петтото место е Австрија.

На другата страна на листата, како најмалку пријателски расположена кон туристи е наведена Боливија, а по неа следуваат Венецуела, Русија, Кувајт и Летонија.

 

 

14 март 2013 - 10:28