Пастер институтот од Париз, започнал со третман на 70 лица со ХИВ, кои пред почетокот морале да ги прекинат сите терапии што им биле во тек. Третманите на сите пациенти започнале меѓу 35 дена и 10 недели од нивното инфицирање.
Најголемиот дел од 70-те пациенти не го завршиле целиот третман, по што болеста се вратила на истото ниво како и пред почетокот на терапијата. Но 14 пациенти (4 жени, 10 мажи) кои до крај останале на терапијата успеале да го потиснат вирусот.
14 лица иако се уште имаат траги на ХИВ во нивната крв, тој е на толку ниско ниво што нивното тело може само да го контролира без никаква потреба од дополнителни лекови. Во просек 14-те пациенти веќе 7 години не земаат лекарства, а еден од нив цели 10 и пол години е без никаква терапија.
Дополнителните анализи покажуваат дека ниту еден од пациентите не бил од 1% од светската популација што е природно отпорна на ХИВ. Сега истражувачите се обидуваат да откријат зошто е клучно терапијата да се започне уште во раната фаза на болеста.