Во студијата објавена во журналот Архива на сексуалното однесување, учестуваат 361 Британец, кој требале да одберат која девојка им е "по мерак" од петте компјутерски генерирани модели, кои биле идентични освен што се разликувале по големината на градите.
Научниците заклучуваат дека "мажите кои имаат поизразено шовинистичко однесување кон жените, кои понагласено ги третирале жените како објекти и кои биле повеќе агресивни кон нив, преферирале и поголеми гради кај жените."
Истражувањето на Вирен Свами и Мартин Тови од Универзитетите Манчестер и Њукасл е прво што го поврзува агресивното однесување кај мажите со нивниот избор на големина на гради.