Херојот на демократите е Скот Проути, кој работел како шанкер на вечерата со донаторите на кампањата на Мит Ромни. Како што објаснува Проути, тој го донел апаратот на настанот во случај Ромни да реши да се фотографира со персоналот, како што тоа претходно на друг настан го направил Бил Клинтон.
"Не отидов таму со никаква замерка на Ромни. Навистина немав претстава дека ќе го изјави она што го изјави."
Тој објаснува дека 2 недели размислувал дали да го објави видеото или да го избрише, за на крај да одлучи дека "би било кукавички" да не го објави клипот.
Иако имало и сериозна доза на страв, бидејќи "им се спротивставуваш на некои од најбогатите луѓе на светот," Проути објаснува дека главна причина зошто веднаш не се појавил во јавноста е за целото внимание да биде свртено кон видеото и зборовите на Ромни, а не кон тоа кој е човекот што го снимал видеото и кои биле неговите намери.
Инаку, во спорното видео Мит Ромни зборувајќи на вечера (со влезница од 50.000 долари) пред своите донатори, изјави:
"Има 47% од луѓето кои ќе гласаат за претседателот без разлика на се. Овие 47% се со него, тие се зависни од владата, тие веруваат дека се жртви, тие веруваат дека владата има одговорност да се грижи за нив, тие веруваат дека им следува здравствена заштита, храна, домување... Моја работа е да не се грижам за тие луѓе. Никогаш нема да ги убедам дека траба да имаат лична одговорност и да се грижат за својот живот."