Зезањето се вика Trinity College Jailbreak а организаторот мислел дека студентите ќе акаат по Ирска или Обединетото Кралство.
Победил тимот кој се вратил и пружил докази дека стигнале до Мирамар, Аргентина, преку 11.000 километри далеку од појдовната точка. Двајцата студенти по медицина успеале да отпатуваат до Буенос Аирес, да дадат интервју за локална радио станица, да најдат такси да ги вози покрај брегот, притоа да не потрошат ни денар а патем ниеден од нив не знаел ниту збор шпански. Згора на се, го нашле и го убедиле ирскиот музичар Крис Де Бур да им купи авио билети за назад.
И другите екипи имале импресивна километража, но не успеале да се вратат. Некои од нив, за 36 часа стигнале и до Австралија и Индонезија, некои изгубиле пасоши во Унгарија, некои заглавиле во српските возови или во невремето околу Дизелдорф. Двајца од натпреварувачите стигнале до Ватикан, се облекле како свештеници и аплицирале на некој конкурс за работа.
Целата идеја се базира на натпревари со хуманитарна дознака (за Амнести интернешнл и организацијата Сент Винсент), но ирскава верзија ги надминала сите досегашни акции.