Вака својот ден го опишува еден од "елитните" хакери на кинеската армија, кој на својот блог жали што се приклучил на единицата а не станал доктор или адвокат.
Лос Анџелес Тајмс пренесува дека кога американската компанија за компјутерска безбедност Мандијант жива ја фати хакерската единица на кинеската армија, тие успеаа да го откријат и вистинскиот идентитет на некои од хакерите.
Еден од овие ликови имал и свој блог со 625 статии напишани од 2006-та до 2009-та, во кои постојано се жали за својата работа како хакер на кинеската армија.
Еден од најголемите проблеми на "Rocy Bird" бил што неговата работа изгледала исто како и на секој обичен канцелариски работник.
"Она што не можам да го разберам е зошто ние сме лоцирани во најоддалечените делови од градот (Шангај). Не верувам дека оние старите (старешините) го размислиле ова добро од почеток. Требало да не земат во предвид и нас младите. Како може пасионирани млади луѓе како ние да се снајдеме во ваква 'затворска' околина."
Експертите на Мандијант објаснуваат дека овие хакери не го сметаат за нелегално она што го прават, тие не се ни трудат да се сокријат себе си. Заради што се помалку внимателни од групи како Анонимус.