Начинот на кој Тарантино ја разместува музиката во својот филм најмногу му пречела на италијанскиот композитор иако целиот последен филм не му се бендисува поради претерано крвавите сцени.
А во Џанго има една песна од Мориконе ("Ancora Qui" која ја пее Елиса Тофоли) и три негови кратки инструментални парчиња. Тарантино и Мориконе претходно имаат работено на Inglourious Basterds и на двата Кил Бил- а.
"Со него никокгаш повеќе не би работел на ништо," изјавил 84 годишниот композитор кој има правено музика за преку 500 филмови за режисери од калиброт на Бертолучи, Пазолиини, Алмодовар, Серџо Леоне, Оливер Стоун, Терек Малик, Брајан Де Палма или Бери Левинсон.
"Лани ми кажа дека уште после Копилињата сака повторно да работи со мене, но не ми даде доволно време па зема компoзиции кои веќе ги имав направено. Така не може да се работи со никого", им се пожалил Енио Мориконе на студенти по филмска уметност во Рим.
Во 2007-ма година тој доби Оскар за животно дело поради "музиката која многу филмови ги има направено подносливи".
Инаку, Џанго доби лавина одличи рецензии и за изборот на музиката како и храброста со која Тарантино успеа, меѓу другото, во вестерн филм да вклопи рап песна.