Како Твитер за малку немаше да постои

Во четврток е седмиот роденден на Твитер, еве неколку работи на оваа тема заради кои е прилично чудно што платформата воопшто го дочекала првиот роденден и која улога ја има денес.

1. Твитер за малку немало да постои. Во 2006-та, компанијата Одео (која се занимавала со создавање ЈуТјуб за аудио) заради слаб раст и недостаток на инвеститори, одлучува еден ден да спроведе хакатон. Дебатите од натпреварот доведуваат до создавањето на Твитер.

2. Твитер е направен на детско игралиште. Еден од основачите на Твитер раскажуваат дека групата програмери еден ден седнала на платформата над лизгалката во еден детски парк во Сан Франциско и го слушала како Џек Дорси им ја објаснува намерата и зборува за "идеја која била толку едноставна што не ни треба да мислиш на неа, само треба да пишуваш (програмираш)". Ова е моментот на инспирација кој се претворил во Твитер.

3. Кога започнал Твитер првиот твит на секој нов корисник бил автоматски: "Just setting up my twttr." Првиот твит го испраќа ко-основачот Џек Дорси, на 21. март 2006-та. Овој твит денес тој има над 8.900 ретвита.

4. Најмногу следбеници има Џастин Бибер - 36 милиони, а најмногу луѓе следи компанијата за менаџмент на социјални медиуми Hootsuite - 1,1 милиони. Најголем број на твитови има една девојка од Јапонија (@Yougakduan_00) која пред да биде банирана од Твитер, имала 36.402.262 твита.

5. Бројот на верификувани твитер профили е 47.815. ЦЕО-то на Твитер, Дик Костоло (@dickc) не е еден од нив.

6. Официјалното име на птицата на Твитер е - Лари, во чест на легендата на Бостон Селтикс, Лари Бирд.

7. Твитер не ги создаде ретвитовите, одговорите, хаштагот и мобилните апликации. Тие се создадени од корисници и програмери на Твитер екосистемот. Подоцна сите овие функции се поддржани од Твитер.

18 март 2013 - 18:26