На 28-ми март, 2007-ма година, тогаш 9 годишниот Феликс Финкбајнер од Германија го насадил првото дрвце од замислената кампања за "Еден милион дрвја".
И лавината некако тргнува.
Денес зад себе има силна организација за заштита на природата и авторска книга посветена на оваа глобална тема.
Организацијата "Plant for the Planet", уште во 2011-та го засади милионитото дрво во Германија. Проширена е и во други земји, 131 на број, со истата идеја "за секое донирано евро, планетата да добие едно ново дрвце."
Финкбајнер е прогласен за еден од 20-те највлијателни еко активисти на светот, заедно со ликови како Принцот од Велс или Бред Пит.
А неговата идеја произлегла од еден училишен проект. Бил охрабрен од својот учител и така се случил тој 28-ми март од кој сè почнало. Прво дошла финансиска помош од произведувачот на автомобили Тојота и потоа идејата дека и децата можат да сторат многу за околината се трклала до својата цел.
Малиот вели дека иако целта е исполнета, продолжува со истата мисија.