Пишувајќи во магазинот Историјата денес, британскиот историчар Шон МекГлин, објаснува дека вистинската инспирација за Робин Худ е Вилијам од Кеншам, чија банда составена од стрелци ги напаѓале окупациските сили на Принцот Луј во шумите на Кент (околу 290 км јужно од Шервуд) за време на Првата војна на бароните во 12-от век.
Иако во тој период постоеле и други ликови кои би можеле да бидат инспирација, сепак според МекГлин тие немале толкав статус на херој.
"Тешко е да се најде друг кандидат од ова време за приказната за Робин Худ, кој истовремено е и херој и одметник. Кај Вилијам ги имаме и двете карактеристики: докажан борец за ослободување, кој лојално ја заштитува круната, но истовремено, од аспект на Луј, и нечуен одметник кој се спротивставува на владеењето на новиот наметнат режим."
Сепак на крај и тој признава дека е најверојатно митот за Робин Худ да е микс од различни приказни.