Тоа што Кипар помалку го споменуваа во изминатите неколку години, никако не значи дека земјата нема проблем. На Кипар му требаат пари за да ги спаси своите банки, а нив може да ги извади единствено од Германија.
Германија (не многу радо) се согласи на ова, меѓутоа постави неколку услови за да даде 13 милијарди долари:
- Кипар треба да воведе еднократен данок на штедни влогови, кој треба да собере некаде околу 7,5 милијарди долари.
- Тарифата е 6,75% од осигурените влогови до 129 илјади долари; и 9,9% од сумите над 129 илјади долари. (Кипар сакаше за пониската сума да биде 3,3% ама Германците ги одбија.)
- Сите штедачи ќе добијат акции во банката во износ на парите што ќе ги платат за данок.
Неколку работи околу банките на Кипар: прво, имаат средства кои се 8 пати поголеми од БДП-то на земјата, второ, огромен дел од штедните влогови се од Руси кои избегнуваат плаќање данок, трето, банките имаат инвестирано големи пари во Грција, и четврто, тие се зависни од финансирање од Централната банка за да не пропаднат.
Колку странски пари има во кипарските банки? Процените се дека 25,5 милијарди евра од вкупно 37,6 милијарди евра во депозити до 100.000 евра, се од странство. На ова плус треба да се земат во предвид влоговите над 100.000.
Најголемиот дел од зијанот на кипарските банки доаѓа од Грција. Кога се наполнија со пари, сосема логично им изгледаше да ги вложат парите во Грција, која има 12 пати поголема економија од Кипар. Дополнително, банките заглавија давајќи им заеми на грчката влада и бизниси. Само во 2012. двете најголеми кипарски банки изгубија 3,5 милијарди евра на грчки обврзници, што е околу 10% од БДП-то на Кипар.
Сега, на Кипар му требаат 17 милијарди евра, Германија не сака да даде 17 милијарди евра, затоа што Меркел не сака во изборна година да изгледа како да им помага на руски гангстери да се извадат од долгови. Германците се подготвени да дадат 10 милијарди, а останатите треба да излезат од Кипар.