Млекоматите веќе некое време ги има во Словенија (околу 150), а од неодамна се појавија и во Хрватска каде добија посебна поддршка после неодамнешните проблеми со токсично млеко и афлатоксините.
Концептот е следен, сточарите ги откупуваат млекоматите од една хрватска компанија, ги поставуваат на локација по сопствен избор низ градовите или села, и потоа самите ги полнат со свежо млеко од своите фарми, кое воопшто не го минува индустрискиот процес како пакуваното млеко.
Потрошувачите можат да дојдат со што сакат, од чинија до кофа и да наполнат колку сакаат млеко. Цената на млекото од автомат е 49 денари литар, споредено со 45 денари за пакувано млеко. Меѓутоа меѓу двете има сериозна разлика во квалитетот и мастите.
Сопственикот на еден од млекоматите во Сплит успева да продаде по 250 литри млеко за 11 часа. Млекото максимум седи во млекоматот еден ден, ако во тој рок не се потроши, фармерите го враќаат назад и го користат за правење кисело млеко или слични производи. Заедно со машините доаѓа и автомат за шишиња во кој за 32,5 денари може да купите ново, стерилизирано стаклено шише за млеко.
Освен што го прескокнува посредството на млекарите, дистрибуцијата и продавницата, меѓу фармерот и потрошувачот, машините имаат и еколошка компонента бидејќи го намалуваат загадувањето со амбалажа.
Целиот бизнис го почнува еден сточар што одгледува кози, кој имал проблем со продажба на козјото млеко на млекарите. Тој купува една машина и ја поставува во Загреб. Кога работата таму не му трга според планираното, тој сфаќа дека проблемот е што добар дел од граѓаните никогаш не пробале ниту биле заинтересирани за чисто млеко. По ова го префрла апаратот во своето село каде што му се развива бизнисот.