Белиот керамички сад бил најден од претходниот сопственик на некаква распродажба на стари работи од куќа и решил да го купи за бараната цена од три долари.
Се случило тоа во 2007-ма по што ја оставил чинијата во дневна, сè додека не станал љубопитен за нејзиното потекло.
Се установува дека керамичкиот сад е стар преку илјада години и ѝ припаѓа на династијата Сонг.
Угледниот Сотби ја презема судбината на чинијата и таа деновиве станува главен артикл на аукција во Њујорк.
Првичните проценки биле дека ќе биде платена меѓу 200.000 и 300.000 но на аукцијата достигнува импресивна вредност од 2,225 милиони долари и сега му припаѓа на некој лондонски дилер на антиквитети.