Децата уште на 3 годишна возраст разбираат и се согласуваат со принципите на фер однесување, само што не живеат по овие принципи се додека не пораснат малку. Причината за ова е што на децата на оваа возраст им недостасува импулсивна контрола, како и желба да се контролираат.
"На малите им е сосема јасно: да, треба еднакво да ги споделиш работите кога сите еднакво заслужуваат. Меѓутоа кога имаат шанса, тие гледаат да соберат што е можно повеќе работи," изјавил ко-авторот на студијата, Крег Смит, психолог од Универзитетот во Мичиген.
Во истражување Смит забележува дека малите имале план да ги делат своите играчки, меѓутоа ја изгубиле желбата во моментот кога ги виделе играчките.