Колку си одвратен на Твитер?

На седмиот роденден Твитер има над 200 милиони корисници, кои создаваат над 500 милиони твитови на ден. Во целото ова време и на толку народ, почнуваат да се создаваат лоши навики кои некако сосема природно си дојдоа, од самите луѓе.

 

Споредба на бројот на следбеници што ги имаш со некој друг

Ова не е ништо страшно. Едноставно сакаш да се провериш во споредба со некој друг. Малку чудно е ама не е погрешно, се додека не ја изедначиш твојата лична вредност со бројот на следбеници. Запомни дека Џастин Бибер има најголем број на следбеници.

Кога луѓето ќе те отследат, одма си помислуваш дека е странец или бот

Ако не го правиш ова како воопшто поднесуваш што си на Твитер.

Ги следиш само луѓето што те заследуваат и што имаат повеќе следбеници од тебе

Не е прифатливо, ама понекогаш мораш да го направиш ако не сакаш да ти се создаде брканица на тајмлајнот. Сепак, клучен збор е "понекогаш," бидејќи ваквото однесување е малку мрзливо од твоја страна и малку е за жалење.

Фејв или ретвит само на твитови од луѓе со повеќе следбеници

Сериозно срамен обид да им се умилкуваш на твитерџиите со повеќе следбеници од тебе. Прво, немаш потреба, второ, заради бројката на следбеници што ја имаат веројатно веќе луѓето го виделе тоа.

Твитање на пијано

Единствениот срам тука е ако наутро решиш да ги избришеш.

Да си побараш нови следбеници, затоа што си закон

Тука идејата е никој нема да ти даде нешто ако не го побараш. Проблемот е што на добар дел од твитерџиите ќе им бидеш смешен и ќе ти фаќаат сеир. Ем, ако стварно си закон, нема потреба да се грижиш за нови следбеници, сами ќе дојдат.

Јавно ругање на други луѓе кои имаат помалку следбеници отколку ти, или помалку отколку што ти мислиш дека треба да имаат за да изразат некакво мислење

Ова не е до Твитер, ова е генерално погрешно. И треба да запаметиш дека бројот на следбеници не е никако еднаков на тоа колку си ти во право или не, и дека и човекот со 14 следбеници има право на свое мислење.  За вакво однесување автоматски треба да изгубиш по 30 следбеници на секои 100.

Купување на Твитер следбеници

Глупо. Глупо. Глупо. Што ќе ти се следбеници кои никогаш нема да те прочитаат или да те споделат? Ако е до егото, тогаш уживај.

21 март 2013 - 16:41