Истражувањето како е најпаметно да се хранат гладните заеднички го спровеле два Универзитета, Стенфорд и еден од Норвешка.
Правејќи математички анализи на податоци за илјадници неисхранети деца од Демократска Република Конго, дошле до заклучок дека кога се има тн терапевтска храна, погрешно е да им се дава на сите. Треба да им се дава само на оние кои се најблиску до умирање, така било најефикасно за сите.
Останатите веројатно нека почекаат да дојдат до умирање па да се надеваат на следна хуманитарна помош која исто ќе го почитува овој заклучок.
"Се или ништо" спасува повеќе животи на долг рок, порачуваат истражувачите на оваа хуманитарна проблематика.
Луѓето од Стенфорд признаваат дека е зафатиле со контроверзна тема а уште поконтроверзен е заклучокот - на гладно дете не треба да му дадеш да јаде затоа што по твоја проценка е помалку гладно од некое друго дете.