Новиот домаќин на стадионот е фудбалскиот клуб Вест Хем, а за негово адаптирање за фудбалските натпревари ќе треба да бидат потрошени меѓу 150 и 190 милиони фунти.
Клубот ќе се всели на Олимпискиот стадион од август 2016-та, а до тогаш бројот на седишта треба да се намали од 80 на 60 илјади, да се продолжи кровот и да се постави систем кој ќе дозволи промена на стадионот од атлетска арена во фудбалски терен во рок од неколку денови.
Кога ќе функционира како фудбалски стадион, трибините ќе се преместат преку атлетската патека.
За потпишувањето на договорот прво потребно беше владата да ја зголеми својата помош за адаптирањето од 35 на 60 милиони фунти, а Вест Хем да се согласи да го зголеми финансирањето на проектот од 5 на 15 милиони фунти.
Работата на стадионот ќе почне оваа есен и треба да биде готов до есента 2015-та, кога таму треба да се одржи Светското првенство во Рагби.
Вест Хем го добива стадионот на лизинг од 99 години, и ќе плаќа кирија околу 2 милиона фунти годишно.