Вести

Големите американски банки одбивале „политички неподобни“ клиенти

Деветте најголеми американски банки вршеле дискриминација на клиенти врз основа на нивните проценети политички, идеолошки религиозни или социјални убедувања и деловни активности. На удар најчесто биле бизниси поврзани со рударство и експлоатација на фосилни горива, производители на огнено оружје и тутунската индустрија.

Повеќе затвори се единствено решение за преполнетите ќелии

Британија веднаш се соочи со очигледен неуспех на стратегијата за предвремено ослободување на стотици затвореници поради преполнетост на затворите. По само една недела голем дел се вратија зад решетки. Владата ќе мора да прифати дека нема друга можност освен да дозволи да биде надминат капацитетот на затворскиот систем, сè додека не се изградат нови затвори.

Банкарскиот гигант УБС сака да заминe од Швајцарија

Последната преостаната голема швајцарска банка сериозно разгледува потег што се чинеше за незамислив: да го напушти Цирих и да се пресели во странство. Најавата за заминување на УБС отвора голема дилема за властите во Берн: Дали да ги заострат регулативите за банките или да го задржат историскиот идентитет на Швајцарија како сигурен глобален финансиски сеф?

Речник

Кличко во ринг со Зеленски: Каде отидоа милијардите за одбрана на Киев?

Градоначалникот на Киев ги обвини претседателот Зеленски и неговата влада за копрупција и за злоупотребување на воената состојба за политички напади врз општинските власти. Токму пред грејната сезона владата ги замрзнала давачките за комуналните претпријатија, а Киев го оставила изложен на руски проектили, наспроти милијардите евра наменети за противвоздушна одбрана.

Долгиот ковид уништува допамин во мозокот

Научници открија дека долготрајниот ковид ги уништува допаминските рецептори во мозокот, кои се одговорни за мотивација, паметење и чувство на задоволство. Колку е потешка болеста, толку се посериозни последиците. Најлошо од сè е тоа што последиците се трајни, бидејќи оштетените рецептори за допамин не се обновуваат по заздравувањето.

САД ја притискаат Европа да одмрзне руски милијарди

Соединетите Држави побарале од европските земји да деблокираат дел од руските државни пари, кои беа замрзнати по инвазијата врз Украина, и да ги префрлат во посебен механизам под надзор на Вашингтон. Ова е дел новата американска иницијатива за заживување на преговорите за крај на војната и за постигнување сеопфатно мировно решение за Русија, Украина и Европа.

Предводење, а не напуштање на Европа

Може ли Обединетото кралство некогаш да се помири дека е дел од Европа? Ако неодамнешните насловни во весниците околу референдумот од 23-ти јуни за членството во Европската Унија се каква било водилка, тогаш одговорот е одлучно "не".

Никој не е среќен со новиот речник на црногорскиот јазик

Уште од прогласувањето независност во 2006 Црногорците се обидуваат да го стандардизираат црногорскиот јазик. На изненадување на сите, деновиве најголемиот напредок на оваа тема го направи Црногорската академија на науки и уметности, која објави Речник на црногорскиот народен и книжевен јазик. Изненадување е затоа што ЦАНУ ја сметаат за "просрпска" институција (заради што постои и паралелна академија ДАНУ).

Орландо, каков што и Америка не го познава

За градот, неговите луѓе и раководството кои правеа сè како што треба сè додека не се појави еден вооружен лудак чиј масакр преку ноќ го ребрендираше градот. 

150 Руси зад насилството во Марсеј

Француското обвинителство објави дека околу 150 Руси се одговорни за најголемиот дел од насилството што се случи во Марсеј пред натпреварот од Еуро 2016.

Стартапите заглавуваат во напуваниот жаргон

Стартап компаниите користат јазик со кој сакаат да изгледаат иновативно, модерно и паметно, а всушност тоа им дава имиџ на преваранти кои или нешто кријат или не знаат да ти го објаснат.

Следната Балканска војна

Откако прави вовед на блиската балканска историја, Тимоти Лес има добра и лоша вест за Македонија. Добрата е дека најверојатно ќе влеземе во ЕУ, лошата е дека ќе влеземе како дел од Бугарија и Грција, на што ќе претходи отцепувањето на Албанците.

Клептон едвај свири гитара

Заради невролошки проблеми, 71 годишниот Ерик Клептон води вистинска битка со себе секогаш кога зема гитара в раце. Но, јасно му е дека на толку дроги и алкохол во животот, добро е што е жив.

Бунт против "велосипедските талибанци"

Лондонски возачи на автомобили од сите религии и раси започнаа протест против планот од 38 милиони евра кој сериозно ќе ја подобри велосипедската инфраструктура во градот, на сметка на постојната автомобилска инфраструктура.

Крајот на точката

На завршетоците на речениците денес често им фали точка, што е намерно така, за тие да останат отворени за додаток, одговор или за молк. Одбегнуваме да стиснеме точка секогаш кога е можно, бидејќи точките не само што ѝ ставаат крај на реченицата, туку тие имаат и значење.

Илон Маск почна во детали да збори за одењето на Марс

Уште откако Илон Маск пред 14 години основа стартап-вселенска компанија, целта секогаш е иста: воспоставување колонија на Марс. Сега тој конечно почнува да открива како планира да отиде таму.

Сликата од која почнаа проблемите на Хилари

Иконската фотографија од Хилари Клинтон од 2011 како го користи својот Блекбери додека е на воен авион инспирира еден службеник во американската администрација да провери дали Клинтон го користи својата @state.gov меил адреса. По ова започнува меил скандалот на Хилари.

Сила листа не моли

Саудиска Арабија е отстранета од црната листа на ОН за прекршување на човекови права, откако се закани дека ако не биде тргната ќе прекрши уште повеќе човекови права.

Србија со 678 милиони евра ИКТ извоз

Минатата година српскиот извоз на компјутерски услуги изнесува 678 милиони евра, а трговското салдо (разликата во увезеното и извезеното) достигнува 317 милиони евра, бројки кои се значително поголеми од вкупниот учинок на Фиат Србија и железарата Смедерево.

Америка конект

Гугл веќе четири години копа и мести оптички кабли во неколку одбрани градови низ САД. Таму каде што ќе намести нуди интернет (и телевизија) со 1 гигабит аплуоуд и исто толку даунлоуд. Алфабет, мајката компанија на Гугл, верува дека истото ова може да го постигне и преку безжичен интернет, без копање.

Зошто никој нема да ги памти Џон Ленон или Квин за 50 години

Теоријата е на Чак Клостерман, човек кој направи кариера од пишување за рок музика (и останати теми од поп културата), и според неа рокот ќе биде запаметен само преку еден единствен лик: Чак Бери.

Сирија гори, СЗО брои димови

За Сирија веќе знаете сè: милиони раселени, бездомни, убиени или осакатени. Среде една таква трагедија која тече, Светската здравствена организација изрази загриженост заради зголемениот број пушачи во земјата. Озбилно. 

Срце ми је камен

За тоа колку американската нација е бизарно навлечена на секакви лекарства говори последната секирација на надлежните државни власти: предозирање со средства против дијареа.

Анкетите на јавното мислење се комплетно погрешни

Ставот е дека американската индустрија за испитување на јавното мислење последнава деценија е во сериозна криза и станува се полоша во предвидувањата за наклонетоста на земјата на изборите. Уште на почетокот на партиските избори во САД, "секој што работи во политиката знаеше дека индустријата задолжително ќе се посрами во текот на годината. Прашањето не беше дали, туку колку."

Don't you 113 me

Четири новоткриени елементи од Периодниот систем кои досега беа со oзначувани со бројки добија предлог имиња кои се ставени на јавна дебата во следниве 5 месеци. Само ние си останавме БЈРМ.

Колку книги толку плата

Економистите пресметале дека барем кај мажите, пристапот до поголем број книги на мала возраст директно кореспондира со повисоката заработувачка во текот на животот.

Крајот на Европа

Во 1995, почнав да пишувам роман со наслов Крајот на Европа. Требаше да биде сатира, сместена во блиската иднина, околу тајниот британски план за повлекување од ЕУ (и еврозоната - еден од моите ликови беше финансиер налик Џорџ Сорос кој успева да ја внесе фунтата во единствената валута). Климаксот беше сцената со церемонијалното затворање на тунелот под Ла Манш, со што Британија се изолираше од континентот.

За американските избори, накратко

Хилари прогласи победа односно обезбеди доволно гласови за номинација од Демократите. Сандерс не признава пораз ама отпушта луѓе од кампањата. Доналд Трамп топ не го бие, ама, почна да чита.

Што ги натера македонските желки да станат геј?

Француски научници го избираат Голем Град во Преспанското езеро како совршено место за тестирање на својата заинтересираност околу геј животни, кои иако се релативно честа појава, и понатаму не им држи еволуциската логика.

Разговор со една од најдобро платените ескорти во Сан Франциско

Се води како Ава Хадсон, и е млада, бела и со високо образование, три референци кои и дозволуваат своите услуги да ги наплаќа по повисоки цени од останатите, почнувајќи од 600 долари за "коктел" до 10.000 долари за викенд дружење.