Проверката ја покренува Кларенс Финеј, надлежен за еден од одделите за спроведување на законот за слобода на информации. Кога ја гледа сликата Финеј прво проверува дали на Хилари и е доделен меил на официјалниот владин домејн.
На Финеј и претходно, уште на почетокот на мандатот на Хилари, му било кажано дека таа одбива да го користи официјалниот меил "исто како и нејзиниот претходник." Кога подоцна го поставува истото прашање, овој пат потсетен од фотографијата, Финеј добива идентичен одговор, дека таа се уште нема меил на state.gov домејнот, и дека целата нејзина комуникација, меѓу која има и строго доверлива кореспонденција оди преку нејзиниот приватен меил.
Во сведочењето тој изјавува дека не се сеќава кој му кажал во 2008 или 2009 дека Клинтон не го користела официјалниот меил, и кој му го потврдил истото неколку години подоцна.