"Проблемите започнаа со болки во долниот дел на грбот а потоа се претворија во нешто што се вика периферна невропатија, кога чувстуваш како електрошокови да ти минуваат низ ногата," призна Клептон за магазинот Classic Rock.
Тешко е да се свири во таква ситуација и јасно ми е дека ситуацијата нема да оди на подобро вели човекот кој неодамна го издаде својот 23 албум и за кого ова веројатно е крај на концертната кариера.
Но, доволно му е и тоа што е над земја.
"Бидејќи уште се опоравувам од зависностите од алкохол и разни супстанци, среќен сум што воопшто сум жив. По сите правила одамна требаше да скинам конци ама заради некоја причина без извлечен од челуста на пеколот и добив поправна шанса," вели легендарниот гитарист. \