Саудијците се најдоа на списокот заради нивната улога во убиството на над 500 деца во војната (бомбардирањето) на Јемен.
Образложувајќи го отстранувањето од листата, Бан Ки Мун беше на чекор од имплицирање дека на одлуката и претходеле уцени и закани од Саудијците дека ќе го прекинат финансирањето на поголем број хуманитарни програми, вклучувајќи ги и оние за Палестинските бегалци.
"Ова е една од најтешките и најпроблематични одлуки што сум морал да ги донесам.
Исто така морав да ја земам предвид и опасноста милиони други деца да страдаат доколку, како што ми беше посочено, земји одлучат да го повлечат финансирањето за бројни програми на О.Н.
Неприфатливо е земји членки да вршат несоодветен притисок. Надзорот е природен и неопходен дел од работата на Обединетите нации.
И понатаму стојам зад извештајот. Ќе ги разгледаме забелешките околу него, ама содржината и понатаму не се менува," изјавил Бан Ки Мун.
Реакцијата на Саудијците на изјавата од Бан Ки Мун е дека не е нивен стил и дека "не им е во гени, ниту во нивната култура, да користат закани и застрашување" и не е во нивна природа да се однесуваат така насилно.
Во однос на извештајот нивната забелешка е дека тие не биле консултирани околу неговата содржина, и дека нивните информации не биле вклучени во него.
Во војната со Хутини бунтовниците во Јемен, коалицијата предводена од Саудијците, користејќи американски касетни бомби, има убиено над 3.000 цивили. Извештајот на О.Н. тврди дека од нив 500 се деца.