Трамп треба да го олабави НАТО и притисокот што му го врши и наместо тоа да ги таргетира Обединетите нации, е нарачката до Трамп за кого се уште не се знае ни дали ќе му дозволат да учествува на претседателските избори.
Најмалку 9 од најголемите и најбогати држави на светот речиси синхронизирано го запреа финансирањето на УНРВА откако беше откриено дека вработени на агенцијата на Обединетите нации учествувале во нападот на Израел од 7 октомври.
Затоа што Гутереш во својата реакција на Израел му изгледал како да го оправдува бруталниот напад на Хамас, државата одлучи дека ниту еден функционер на Обединетите нации нема да добие виза за да стапне на израелска земја.
О.Н. им забрани на кипарските Турци да градат пат што треба да спои некои тамошни населби. Кипарските Турци од друга страна не се сеќаваат дека го прашале О.Н. што да прават на своја земја. О.Н имаат бели џипишта, Турците имаат жолти багери.
Претседателот на Филипини не прифаќа да одговара пред белци за наводните прекршувања на човековите права, а ако треба да одговара тоа ќе биде на Филипините, пред филипински судија и филипински обвинител.
Деновиве хашкиот трибунал ги објави резултатите на истрагата за тоа како хрватскиот генерал Праљак воопшто стигнал до отровот со кој што се самоуби и како успеал да го прошверцува во судница. Одговорот е: за органите на Обединетите Нации е невозможно да откријат како човек сместен во нивен затвор успеа да дојде до отров, и како истиот тој човек успеа да го прошверцува отровот за да се самоубие сред нивна судница. Во меѓувреме Дневник.хр ги добива двете писма кои генералот ги напишал на два дена пред самоубиството.
Мисијата на претставникот на О.Н. во Алабама е да ја анализира екстремната сиромаштија, нееднаквоста и „пречките за учество во политиката“ (гласање на избори) во американската сојузна држава.
Кристијано Роналдо вторпат по ред е избран за најдобар играч на светот според ФИФА. Тој им помага на Реал и на Португалија да освојуваат титули, но им помага и на обичните луѓе во светот.
Пораката е од Дејвид Бесли, поранешен гувернер на Јужна Каролина, а денес генерален директор на Светската програма за храна на Обединетите Нации, според кого тоа што моментално се случува во делови од Африка не се "лажни вести, туку реалност".
Од почетокот на оваа година американскиот Конгрес има сериозен предизвик. Пред себе има закон со кој претседателот би се задолжил да ја извади земјата од членство во Организацијата на обединетите нации. А и овие ќе мора да се селат од таму. И, погодувате, тоа не е сè.
Саудиска Арабија е отстранета од црната листа на ОН за прекршување на човекови права, откако се закани дека ако не биде тргната ќе прекрши уште повеќе човекови права.
Обединетите Нации вршат непроценлива работа околу бегалците, проблемите со глобалното затоплување, Сирија, Ирак, Судан, "меѓутоа во однос на севкупната мисија, благодарејќи на колосални грешки во работењето, Обединетите Нации се неуспех."
Симнување и споделување детска порнографија, транспорт на околу 170 килa марихуана во службено возило, и повеќекратно заканување со убиство, се дел од прекршоците од извештајот на Обединетите нации за вработените на Обединетите нации. Бонус: сето ова стигнале да го направат во рок од една година.
Пред некое време пишувавме за Брендон Стентон и неговите фото-портрети на жителите на Големото јаболко, кои придружени со кратки приказни за нивниот живот привлекоа огромно внимание. Сега тој почнува нов проект, со слична содржина, но во области погодени од војна и сиромаштија.