
Писмата се напишани во понеделник 27 ноември, два дена пред објавувањето на пресудата и последователното самоубиство на генералот. Како што пишува Дневник „двете се штури, јасни, без патетики или каква било нерационалност.“
Првото писмо е до семејството и во него Праљак без ни трошка двоумење пишува дека живот како осуденик за воени злосторства за него не е прифатлив:
„Фамилијо!
Одлуката за прекинување на живеењето, во случај да бидам прогласен за виновен, ја донесов одамна - смирено, промислено, самосвесно.
Ваш,
Слободан Праљак.“
Второто писмо е директно до сопругата:
„Каќо!
Мислам дека писмото ‘Фамилија’ ќе мора да го обелодениш за да спречиш бескрајни нагаѓања, лаги, јадна психологија итд.
Твој
Праљак.“