"Ако пуштиш Еј-би-си, Си-би-ес, Ен-би-си, Фокс, Си-ен-ен - нема ништо друго освен Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, Трамп, Трамп!
И многу малку информации околу гладот во Сирија, североисточна Нигерија, Сомалија, Јужен Судан и Јемен.
Мораме да се пробиеме низ целиот чад. Ова не се лажни вести, ова е реалност," изјавил Бесли.
Бесли, инаку републиканец, назначен на позицијата со поддршка од администрацијата на Трамп, објаснува дека пред да се согласи да ја преземе позицијата разговарал со лидерите на Конгресот околу Светската програма за храна, и наишол на "огромна" поддршка.
Изјавата следува откако неговата организација и УНХЦР, во понеделникот го обновија своето барање 1,4 милијарди долари за помош на бегалците што бегаат од Јужен Судан.
Според О.Н. околу 20 милиони луѓе во спомнатите држави се во опасност од смрт од глад, додека од УНХЦР алармираат дека Јужен Судан е станат изворот на "светски најбрзо растечката бегалска криза" во која околу 1,8 милиони луѓе - од кои 1 милион деца - се обидуваат да најдат засолниште во една од шесте соседни држави.