За сега парите за палестинските бегалци ги сопреа САД, Австралија, Канада, Британија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија, Нов Зеланд и Финска. Во нападот на 7 октомври загинаа 1.140 лица, а во израелската воена операција до сега загинале 26.000 лица и е предизвикана хуманитарна криза.
Во нападот на Хамас биле вклучени 12 вработени на УНРВА, што беше потврдено и од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој побара и покрај тоа да не се прекинува финансирањето на агенцијата и со тоа да се казнуваат илјадниците вработени кои ги опслужуваат бегалците сред војна.
Стравот е дека санкционирањето на УНРВА која е една водечките агенции што ги одржува во живот палестинските бегалци, само дополнително ќе ја зголеми хуманитарна криза и дека нејзиното укинување е казнување на целата популација на Газа.
УНРВА е формирана во 1949 по создавањето на Израел, и денес таа одржува 5,6 милиони Палестинци во Израел и регионот.
Токму извештаите на УНРВА беа меѓу клучните докази врз основа на кои Меѓународниот суд на правдата во петокот пресуди против Израел во тужбата поднесена од Јужна Африка, па укинувањето на финансиите се толкува и како укор за агенцијата и за ОН (кој е основач на судот) за донесената одлука.