Обединетите нации ќе ја истражуваат сиромаштијата и нееднаквоста во Алабама

Мисијата на претставникот на О.Н. во Алабама е да ја анализира екстремната сиромаштија, нееднаквоста и „пречките за учество во политиката“ (гласање на избори) во американската сојузна држава.

Филип Алстон од Обединетите нации во Алабама ќе се посвети на состојбата со здравствената заштита на тамошните жители, пристапот до чиста и здрава вода за пиење и канализација. Во септември Гардијан објави студија која покажува дека мал број од жителите на Алабама биле позитивни на анкилостма - паразитско заболување што се среќава во најсиромашните области низ светот.

За време на посетата на Алабама, Алстон ќе се занимава и со тамошното практикување на правото на гласање, а ќе има средби и со локални групи за борба за човекови права.

Во својата посета на Алабама, претставникот на О.Н. планира да се сретне и со „владини претставници, луѓе што живеат во сиромаштија, граѓански здруженија и академски експерти, за да разговара на најразлични теми кои вклучуваат кривичен систем, социјална помош и здравствена заштита, пречки во учествување во политиката, бездомништво, и основно социјални права како правото на социјална заштита, домување, вода и канализација.“

7 декември 2017 - 11:15