Извештајот објавен од Секретаријатот на О.Н. е за периодот од јули 2014-та до крајот на јуни годинава. Во него не се наведуваат имињата и националноста на вработените кои го сториле прекршокот, ниту пак каде бил направен.
Најмногу настрадале четворица вработени кои се отпуштени заради добивање, зачувување и ширење детска порнографија на нивните службени компјутери. Надвор од оваа група е вработен на чиј компјутер е најдена регуларна порнографија, тој е сменет од неговата позиција и во следните две години нема да може да добие никакво унапредување.
Исто така, отпуштен е и вработениот кој превезувал 170 килограми марихуана во службено возило. Меѓу неотпуштените е вработен кој се обидел да внесе моторна пила на еден цивилен лет на О.Н., и еден припадник на обезбедување кој бил жив фатен како украл 2.200 долари од патник додека го прегледувал неговиот багаж.
Меѓу прекршоците на копно, еден вработен со трактор влетал во канцеларијата на неговиот претпоставен "со намера да ја оштети канцеларијата и да го повреди супервизорот."
Секретаријатот на на О.Н. има околу 41.000 вработени низ целиот свет. Според правилата кога еден од неговите вработени е разрешен од должноста, останува на земјата членка дали ќе покрене истрага против него. Во извештајот 2013. - 2014. беше наведено дека најмалку тројца вработени се отпуштени заради секс со малолетни лица.