Кристијано има репутација на неверојатен егоист на теренот. Но делата покажуваат дека тој во себе е многу дарежлива личност.
На страна часовници BVLGARI од по 10.000 долари за секој соиграч од екипата по славјето во Лига на шампиони, сребрените копачки, подарокот за Нани по Европското 2016, грчкиот остров за агентот Мендеш, Роналдо истовремено дава милиони за хуманитарни цели.
Најсвеж пример - од Фејсбукот на сестра му Кати Авеиро: Кристијано Роналдо платил лекување за 370 повредени во пожарите во Португалија. Стихијата беснеела и во неговата родна Мадеира па Роналдо решил да помогне.
Кристијано е амбасадор и на UNICEF, Save the Children, Црвен Крст и многу други организации а лично се среќава со болни деца чијшто главен подарок во животот им е средба со идолот.
Во 2004 година Кристијано Роналдо помогнал во собирањето средства за обновување на срушената провинција Ачех во Индонезија по разорниот земјотрес и цунами.
Тогаш Роналдо дознал за чудото - 6-годишното дете по име Мартунис го нашле три недели по земјотресот гладно и осамено со дрес на Руи Коста на него.
Роналдо донирал 40.000 евра за семејството на малиот и по негова протекција детето заиграло фудбал. Пред две години Спортинг Лисабон потпишал договор со него и сега Мартунис игра во младинската екипа а неколку години подоцна Кристијано му подарил дом на 16-годишниот Мартунис.
Португалецот многу помага и во развојот на медицината во своето родно место Фуншал. Во 2007 одина таму ја оперирале мајка му на која што и бил откриен рак на градите. Португалската лига за борба против ракот му подарил на Роналдо благодарница за неговата пожртвуваност и помош.
Притоа Роналдо не заборава ниту на лична помош па во 2012 година платил лечење на 9-годишно дете кое имало рак. За жал и покрај сите напори и третмани, малиот не успеале да го спасат. Последните денови од животот ги поминал со Кристијано.
Во 2014 година низ светот се рашири фотографијата на Роналдо со ишишан белег на косата во чест на едно мало дете.
Таков белег имал малиот 10-месечен Ерик Ортис Круз за чија операција на главниот мозок Роналдо платил 60.000 фунти. Родителите на малиот побарале од Роналдо автограм со цел да соберат донации од аукција, но тој ги покрил сите расходи за лекувањето и рехабилитацијата.
На неговото тело нема тетоважи затоа што е редовен донатор и постојано дава крв.
Кристијано Роналдо е моќен бренд и магнет за хуманитарните акции. Во 2016 година тој го основал проектот CR7Selfie во кој навивачите може да направат фотографија со него на разна тематика а собраните средства одат во фондот на Save The Children.
Во 2015. година многу медиуми ја пренесоа веста дека Кристијано префрлил неверојатни 7 милиони евра на сметка на семејствата и блиските на настраданите во разорниот земјотрес во Непал а во 2016 година се појави вест која подоцна не беше потврдена дека одвоил 3 милиони евра за блиските на загинатите во авионската несреќа на бразилскиот Шапекоенсе.
Во 2015 бил прогласен за најголемиот спортсмен-хуманитарец на светот.
Различните бонуси Роналдо ги дава на добри дела па така во 2008-ма година тужел еден британски таблоид за лажна вест а добиените 165.000 долари ги вложил во развој на островот Мадеира.
Во 2012 година ја продал својата „Златна копачка“ за 1,5 милиони фунти и ги донирал за обнова на палестинските школи во Секторот Газа.
Во 2015. ја предал својата „Златна топка (која што ја доби во 2013 кога ја прекина 4-годишната хегемонија на Меси) на благотворна аукција. Заработени биле 600.000 фунти коишто им следувале на организации кои помагаат тешко болни деца.
Во 2016 година Роналдо заработил 275.000 евра за победа на Европското првенство и ги донирал во борбата со детскиот рак. За триумф во Лига на шампиони годинава добил повеќе од 600.000 евра од бонуси и ги префрлил во добротворниот фонд на ООН.
Црвениот крст исто така е постојан реципиент на Роналдо. На оваа организација со седиште во Швајцарија Португалецот и донирал 100.000 швајцарски фунти додека играше за Манчестер.
Во 2015-та во Реал со Тони Крос дале по 100.000 евра за Црвен Крст:
И кога го прашуваат за хуманоста, тој скромно вели: „Бог ми помогна мене многу повеќе“.
Приказната за фудбалскиот пат на Кристијано Роналдо тука.