„Дојде време да им одржиме лекција,“ ќе изјави израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, додека објаснува дека веќе му е одбиено барањето за виза на заменик генералниот-секретар за хуманитарни работи, Мартин Грифитс.
Ердан го обвини првиот човек на ОН дека во својот говор „изразил разбирање за тероризам и убиства.“
Гревот на Гутереш е што за време на состанокот на Советот за безбедност околу војната меѓу Израел и Хамас, изјави „важно е да се запамети дека нападот на Хамас не се случи во вакум“ бидејќи Палестинците биле „под 56-годишна задушувачка окупација.“
По изјавата министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, ја откажал закажаната средба со Гутереш.