Сакам да кажам дека беше чудесно далековид. Иако тогаш бев инспириран од нишка на британски евроскептицизам кој во тоа време ми беше очигледен како репортер на Фајненшл тајмс од Брисел на почетокот од 90-те (заедно со Борис Џонсон, во тоа време во Телеграф), јас пишував во време кога британското излегување од Унијата изгледаше неверојатно, или во барем доволно екстремно за да биде добра тема за хумористичен роман.
Веќе не се смеам.
Никогаш не ја завршив книгата ама нејзиниот наслов се уште сумира три причини зошто сакам Британија да остане во Европската Унија и зошто на 23-ти јуни ќе гласам за нејзино останување.
Крајот на Европа, прв дел
Вознемирен сум дека британската граница би можела, по Брегзит, да го обележува крајот на Европа. Географски, барем на нашата источна страна, Британија има природна предност кога е во прашање заштита на нашиот периметар, споредено со нашите ЕУ партнери со отворена граница. Психолошки, лесно е за Британците да зборуваат за "одење во Европа" кога одмараме во Шпанија, или патуваме во Париз или Милано на состанок. Верувам дека ова се дел од причините зошто британските граѓани сметаат дека останатите 27 членки на ЕУ се одвоени од Британија - држави кои ги делат истите цели и вредности затоа што во најголем дел споделуваат иста копнена маса. Јас се залагам за Британија да го дефинира својот сопствен идентитет (исто како и за Шпанија, Шведска, Словенија или кој било друг член на ЕУ да може да го направи истото). Меѓутоа одвратна ми е замислата дека Британија по Брегзит би можела да ги искористи своите природни бариери против очајните бегалци, да ги одбие оние кои тука бараат подобар живот, или да се изземе себе си од молбите и барањата за помош на своите некогашни партнери. Мојата сатирична верзија на запечатениот тунел повеќе не изгледа така вонземска.
Крајот на Европа, втор дел
Се плашам дека повлекувањето на Британија од ЕУ ќе биде почеток на крајот на Унијата. Најголемиот дел од граѓаните во останатите европски земји - оние на краевите (од нордиските членови до источно-европејците) па дури и некои во центарот (на пример, Холандија) - го гледаат референдумот како сигнал дека ќе можат да ја следат Британија во заминувањето. Истата изолација која нема да и служи на Британија - и веројатно ќе доведе до распад на самото Обединето кралство ако про-ЕУ Шкотска одлучи да замине - ќе ја уништи Европа како блок. Јас не ја делам апокалиптичната визија за идните војни на про-ЕУ блокот, меѓутоа локалните тензии сигурно ќе почнат да зовриваат ако повеќе држави одлучат да ги затворат своите граници, и да бараат свои верзии на Брегзит, и да ги засилуваат личните економски, комерцијални и политички интереси на сметка на оние на нивните некогашни сојузници.
Крајот на Европа, трет дел
Најважно, јас сум длабоко загрижен дека Британија може да го сврти грбот на пост-воената цел на Европската Унија: вистинскиот крај на Европа, со други зборови, поентата на целиот проект. Првичните членови избраа соработка пред конфликт. Тие избраа да ги споделат своите намери наместо да се сомневаат во меѓусебните мотиви. Ова беше, а понекогаш уште е, тежок пат. Не секој исход е совршен.
За жал, има малку примери што би можела Британија да постигне во изминатите четири децении кога со цело срце би и се посветиле на европската мисија. Премногу често британските влади се држат на страна од проектите на Унијата, набљудувајќи од далечина наместо да работат на решенијата. Дури и сега, кампањите за останување и напуштање се само различни нијанси на евроскептицизам.
Референдумот претставува позитивна можност. Јас би сакал Британија да остане, да ја потврди својата посветеност на вистинскиот крај на Европа и да работи со нашите европски пријатели за да го постигне ова. Сакам да го искористиме нашето влијание и да покажеме лидерство во решавање на многу сериозните закани со кои се соочуваат Европа и светот, од бегалската криза до ранливата економија, наместо да седиме на страна.
Во исто време додека во 1995 се борев со мојот недовршен роман, јас започнав еден поуспешен европски проект со тоа што се оженив за Шпанка. Меѓутоа ти не мора да ја делиш мојата длабока и неколеблива инвестиција во иднината на Европа за да разбереш зошто е толку важно да се гласа за останување. Децении од сега, не сакам да морам да им објаснува на моите деца и внуци зошто, во 2016 - преку комбинација на инает, себичност и застарен патриотизам - Британија, со напуштање на ЕУ, помогнала да се создадат и влошат проблемите со кои тие помлади генерации ќе бидат присилени да ги решаваат.