Орландо, каков што и Америка не го познава

За градот, неговите луѓе и раководството кои правеа сè како што треба сè додека не се појави еден вооружен лудак чиј масакр преку ноќ го ребрендираше градот. 

На прва асоцијација Орландо е родниот град на Мики Маус и Хари Потер. Децении наназад, името одѕвонуваше како дестинација на студијата на Дизни и Универзал, децении нанапред веројатно ќе одѕвонува по најмасовното убиство во историјата на САД во кое исламистичкиот хомофоб Омар Матин уби 50 невини луѓе на клубска забава.

Орландо и натаму важи за туристичка мека која лани забележа рекордни 55 милиони туристи. Но во градот извонредно брзо расте биотехнолошки сектор, потентен сектор за видео гејминг и меѓународен јазол за виртуелна реалност. Просечна старост е 33 години, сè уште е доминантно бел но секој ден станува сè покафеав, особено по фискалната криза во Порторико која донесе бран нови луѓе од островот. За жал, во таков град, лудак како Матин лесно ќе најде геј забава на латино вечер за да го истури и својот гнев и својот шаржер.

Центарот на Орландо некогаш било заспано место, денес е полно со мали и преубави пекари, скулптури кои ги финансира градот (јеби га), има нов систем за јавен превоз, нов систем на велосипедски патеки, 'Креативно село' вредно една милијарда долари по менторство на University of Central Florida's Center for Emerging Media каде се родени видео игри како Guitar Hero и Call of Duty, а во градот доаѓаат ликови како Федерер или Тајгер Вудс за во студио да им бидат снимени движењата кои подоцна ќе се употребат во видео игра. од градот до аеродромот последниве години никнале десетина нови болници.

"Орландо, не знаете ни половина од приказната," гласи слоганот на локалното биро за развој, слоган за кој економистите велат дека е многу прецизен.

"Економските растови вообичаено се бавни и постепени, овде се случи вулканска ерупција,' констатира професорот по економија Шон Снеит.

И додека само една четвртина од Американците веруваат дека земјата се движи во вистинска насока, градоначалникот на Орландо, Бади Даер го тера четвртиот мандат и има висока и стабилна поддршка од граѓаните. Градското јадро кое некогаш беше бастион на семејството Буш денес е силна база на демократите, што вообичаено се случува кога населението станува помладо и пошарено.

Даер важи за умерен демократ кој е остар поборник на контрола на оружјето и заштита на геј правата, теми кои таму допрва ќе станат доминантни. Но, за многумина успехот на Орландо пред сè се темели на чувството за заедништво кое и градоначалникот знае да го промовира. Луѓето од градот тоа го покажаа кога собирале пари првата година од еден нов факултет да биде бесплатна за студентите, а тоа го покажаа и сега, кога со часови чекаа да донираат крв за жртвите од масакрот на Матин.

Кои беа жртвите?

14 јуни 2016 - 09:50