Грешката не требаше многу да се чека, па на 10 дена пред партиските избори во Ајова, две големи фирми за испитување на јавно мислење излегоа со бројки дека Хилари Клинтон има предност од 29%, а втората "како да анкетирала сосема друга раса" покажа дека Берни Сандерс води со 8%. Кај Републиканците на дента на гласањето последните 10 анкети покажуваа дека Трамп има предност од 7%. Вечерта во Ајова победија Хилари Клинтон и Тед Круз.
Уште поголем дебакл на индустријата се случува во Мичиген неколку недели подоцна. На почетокот од март секое можно испитување на јавно мислење покажува дека Клинтон има предност од 5 поени, со тоа што некои и даваат и до 20, дури и сајтот на Нејт Силвер на Клинтон и дава над 99% шанси дека ќе победи во Мичиген. Сандерс победи со 49,8% наспроти 48,3%.
Ден Вагнер и Дејвид Шор се ЦЕО и аналитичар на податоци на стартапот Цивис Аналитикс, кои ги следат претседателските избори уште од самиот почеток. Нивна конкретна тема на интерес е како "анкетарите" ќе пројдат со своите предвидувања. Дебаклот на целата индустрија околу изборите во Мичиген тие го коментираат како "лошо измерено."
Двајцата имаат разбирање за анкетарите, објаснувајќи дека Мичиген е онака една од најтешките сојузни држави за предвидување, како и тоа дека самите анкетари и пред изборите веќе се преморени од методолошките проблеми од кои страда индустријата, како тој дека се помалку луѓе користат фиксен телефон, кој е еден од основните столбови на целото испитување на јавното мислење.
"Во 2014, 60 проценти од Американците користеа мобилни телефони или во најголемиот дел од времето или цело време, заради што стана тешко или невозможно за анкетарите да стигнат до тројца од секои пет Американци (со закон е забрането вртење на мобилни телефони).
Дури и кога им вртиш дома на луѓето тие не креваат; додека на анкети од 70-те и 80-те се постигнувала стапка на одговорени повици од 70%, до 2012 оваа бројка паѓа на 5,5%, а во 2016 веќе одиме кон бескрајно малите 0,9 проценти.
Сето ова е дополнето со стеснување на демографијата на учесниците: бела жена во години е 21 пат поверојатно да одговори на телефонска анкета отколку млад Хиспанец," пишува Гарет Граф во Вајард.
Вагнер и Шор се свесни и за проблемите во индустријата и за проблемите со Мичиген, со кои пред 4 години лично се запознаваат додека работат на кампањата на Обама, кому му помагаат во оваа сојузна држава да го избегне дебаклот на Хилари, "убедувајќи го тимот комплетно да ги игнорира анкетите на јавното мислење."
Во тоа време "тимот" е составен од 54 аналитичари, кои Вагнер, поранешен економски консултант, и Шор, математички гениј што на 13 години запишува колеџ, ги убедуваат наместо анкетите на јавно мислење да го користат нивниот "Златен извештај." Нивниот производ е секојдневна анализа на претседателската трка кој отсликува 62.000 компјутерски симулации за можните исходи на гласањето на претседателските избори во ноември.
"Златниот извештај беше најскапоцената тајна на кампањата, беше испорачуван директно на менаџерот на кампањата и на мал број останати лидери. Тие дури и физички беа одделени за да се осигура останатите членови на персоналот да не дојдат во контакт со внатрешните предвидувања.
Стратезите на Обама ги базираат речиси сите свои тактички одлуки на процените од извештајот за тоа кои сојузни држави има шанси да се освојат, и како и каде да ги трошат своите пари и персонал," објаснува Граф.
Кога анкетите на јавно мислење покажуваат пад на Обама во Мичиген за 10 поени, што значи и можност за Ромни да ги добие тамошните избори, Републиканците истураат милиони долари на маркетинг во сојузната држава. Меѓутоа Златниот извештај на Вагнер и Шор наоѓа пропуст во анкетите, односно дека во нив имало далеку помала застапеност на Демократи.
Раководството на кампањата на Обама е подготвено да тргне по патот на Републиканците и да потроши околу 20 милиони долари на реклами, тимот на Вагнер сериозно се противи на ова. Раководството прифаќа, а Обама навистина го освојува Мичиген и без тие 20 милиони долари, што се доволно пари за да се исплати целиот аналитички оддел.
"Луѓето обично зборуваат дека проблем со анкетата е грешката од плус или минус 3%. Не, разликата меѓу добро и лошо анкетирање е трошење милиони долари на држава во која немаш конкуренција," изјавува Шор.