На Украина ѝ се потрошија „патриотите“
16 октомври 2026
- Украина ги потрошила и последните ракети од американскиот систем за противвоздушна „патриот“, тврди извор на ЦНН. Поради тоа не била во можност да пресретне речиси ниту еден балистички проектил во последниот руски напад.
- Украинските сили во средата објавија дека пресретнале четири руски балистички проектили истрелани кон енергетски централи во Киев и Харков. Тогаш веројатно ги употребиле последните пресретнувачки ракети од резервите.
- Претседателот Зеленски уште од август бара од САД да му испратат повеќе системи „патриот“ со ракети или да ѝ дадат лиценца на Украина самата да ги произведува. Тогаш изјави дека Украина располага со само 10% од ракетите што ѝ се потребни.
- Трамп не даде ниту ракети ниту лиценца.
- По налог од Белата куќа пред три дена бил ограничен и пристапот на украинските сили до сателитскиот систем Starshield, кој го користат за акции со дронови врз руски цели. Вчера бил вратен пристапот, но врската се прекинува ако дроновите надминат одредена брзина.