- Хилари Клинтон победи во 4 од 6-те последни држави во кои се гласаше, вклучувајќи ја Калифорнија. Се потсети дека е тоа ден кога се родила и нејзината мајка и датум кога Конгресот го усвои 19-от амандман на американскиот устав со кој им се даде право на глас на жените. "Ова е голема победа за сите жени," изјави Клинтон.
- Белата куќа соопшти дека Барак Обама ѝ честитал на Хилари Клинтон што обезбедила доволно гласови за осигурување на номинацијата а на Сандерс му заблагодарил што загреал милиони Американци за важни теми каква што е економската нееднаквост.
- Берни Сандерс вели дека борбата продолжува и дека сè уште е во игра секој глас. Но, извори велат дека им заблагодарил на половина од луѓето кои му работеа на кампањата. Веројатно сака и тој да заврши со барем единечна победа, онаа во Пенсилванија.
- Во досегашните примарни избори, Хилари собра над 3 милиони гласови повеќе од Берни, победи во мнозинство од државите, особено убедлива беше во најбројните (победи во 15 од 20 такви) и собра значајно мнозинство лојалност од супер-делегатите.
- Трамп убедлив и на последните гласања кај Републиканците, па сега сè почесто наоѓа време да ги убедува Мексиканците да не се плашат од него. Невообичаено за него, на последните обраќања почнал да чита од идиот.