- Војната што Трамп му ја објави на Иран досега го чинело секое американско семејство по 2.000 долари, пресметал Марк Занди, главен економист во аналитичкото одделение на Moody’s. Вкупната сума на зголемени трошоци на национално ниво е 265 милијарди долари.
- Најголемиот дел од оваа сума се за зголемените трошоци за греење, енергија, бензин и дизел, кои во изминатите осум месеци изнесуваат по околу 1.100 долари по семејство. Ако се задржат овие цени на горивата, сметката за домаќинствата се зголемува за околу 50 долари неделно.
- Како последица на инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки, трошоците за семејствата се зголемиле за 540 долари.
- Уште по 360 долари американските семејства платиле за покривање на директните воени трошоци на Пентагон, кои според Комитетот за буџетот на Конгресот изнесувале 38 милијарди долари заклучно со 1 август, а според Ројтерс се зголемуваат за по 3 милијарди долари месечно.
- Законски се гарантира право за бесплатно внесување на еден личен предмет во авионот, ако се работи за мал ранец, чанта или торба за лаптоп со максимални димензии од 40 × 30 × 15 сантиметри (и волумен до 18 литри), под услов предметот да може да се смести во просторот под седиштето пред патникот.
- Ова право е безусловно и мора да биде овозможено бесплатно, без оглед на видот на купениот билет или авиокомпанијата со која се патува.
- Со новото правило се изџбегнува праксата на „drip pricing“ при која првично се прикажува ниска цена на билетот, а потоа, во текот на процесот на купување, се додаваат задолжителни дополнителни трошоци.
- Од друга страна, стандардните поголеми рачни багажи со тркалца (55 × 40 × 20 сантиметри) не стануваат автоматски бесплатни за сите видови билети но изрично се бара овие трошоци да бидат јасно и однапред обелоденети, со што се осигурува дека за патниците нема да има изненадувања во моментот на качување во авионот.
- „Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ. Една од тезите со која Филипче ја манипулира јавноста дека бугарското барање за уставни измени не носи ризици по националниот идентитет е тврдењето дека преговарачката рамка гарантира дека македонскиот јазик ќе стане и еден од службените јазици на ЕУ. Ова е голема манипулација која има за цел да создаде чувство на лажна сигурност и обид политички да се покрие грешката со која владата на СДСМ го прифати бугарското билатерално прашање како составен дел од „францускиот предлог”, пишува Антонио Милошоски.
- Ја наведува последната стратегија ‘Preparing for a wider Union’, каде се нагласуваат членот 55 од Договорот за ЕУ и чл.342 од Договорот за функционирањето на ЕУ.
- Правилото е едноставно: официјалните јазици на институциите на ЕУ, без исклучок, се определуваат со едногласна одлука од страна на Советот на ЕУ!
- Тоа значи дека ЕУ може да добие нов службен јазик ако тоа биде побарано од земјата кандидат која преговара, но под услов ниту една земја членка да нема приговор/вето на таквото барање.