Во разговорот за Политика, уредникот на билтенот Макроекономски анализи и трендови, Иван Николиќ, проценува дека ИКТ секторот во Србија би можел веднаш да вработи 30.000 ИТ кадар кои би имал најмалку два пати поголема плата отколку во остатокот од стопанството, меѓутоа проблемот е што годишно само 1.000 до 1.500 млади луѓе ја стекнуваат потребната диплома.
Математиките на Николиќ покажуваат дека приходите од ИКТ услуги во Србија во периодот 2008-2015 се зголемени за три пати.
"Единствените два српски производи што во 2015 имаа подобар трговски биланс и поголем придонес во намалување на дефицитот се пченката и замрзнатото овошје. Минатата година имаме извезено пченка во вредност од 342,9 милиони, а увезено за 12,3 милиони, така што нето извозот на пченка изнесува 330,6 милиони евра.
Вкупната вредност на извозот на замрзнато овошје достигна 340,8 милиони евра, а неговиот суфицит во трговскиот биланс изнесуваше 318,2 милиона евра," објаснува Николиќ.