Како што изминативе години ИТ индустријата почнува да се освестува (под притисок од секакви кризи) и да открива дотогаш незамисливи концепти на продуктивност и пазарна исплатливост, така најголемите ИТ џинови почнаа со масовни отпуштања на десетици илјади вработени, од кои сега излегува дека најголемиот дел немало ни потреба да бидат вработени.