За подобра перцепција станува збор за сектор во кој приправниците се платени по 50 долари на час, тазе дипломирани студенти добиваат бонуси од 100.000 долари за потпишување на договор за вработување, а просечниот вработен заработува два пати повеќе отколку американскиот просек.
Во ваква ситуација 60% од анкетираните вработени во технолошкиот сектор (од вкупно 6.000 испитаници) изјавиле дека се чувствуваат недоволно платени.
Ваквото расположение е и покрај тоа што просечната почетна плата на „програмер“ во САД изнесува на 110.000 долари годишно, со што тие влегуваат во топ 5% на најдобро платени професии во земјата.
Едно од објаснувањата за вака масовната разочараност сред така добро платен сектор е дека најголемиот дел од овие вработени живеат во Силициумската долина или во Сан Франциско, една од најскапите области на САД.
Друго објаснување се базира на транспарентноста на платите во индустријата. Според ова и покрај тоа што заработуваш 150.000 долари годишно, не ти е право кога некој на не многу повисоко ниво од тебе е платен 300 или 400 илјади долари.
Меѓу заклучоците на истражувањето има дека:
- Топ петте компании во кои најголем број вработени сметаат дека се недоволно платени се основани пред 1998.
- Нетфликс има најголем број на вработени кои изјавиле дека се сметаат дека се доволно платени, 81%.
- Фејсбук има најголем процент на вработени кои сметаат дека се претерано платени, речиси 14%.