Првото несогласување беше одлуката на авторите во речникот да се пишува за муслиманите и исламот врз основа на "јазикот од народните антитурски песни од минатите векови." Па така зборовите "Арнаути" и "Агарјани" се интерпретирани како "традиционален црногорски термин за безверници, наместо како архаичен назив за Албанците и муслиманите со кој се поврзуваат конотации типични за векови обележени со верски и империјалистички судири."
Целиот проблем околу овие термини беше издигнат на ниво на дипломатски скандал откако претставникот на Албанците во црногорскиот парламент за ова ги извести властите во соседна Албанија, по што "демонстративно рециклираше еден примерок на речникот." Слично незадоволство, но со нешто помала помпа изрази претставникот на црногорските Бошњаци, за кого речникот е "белег на траен срам."
На страна ова, речникот има неколку пропусти од типот дека Месечината е планета, или дека Октомвриската револуција почнува во 1918 година.
Во редицата незадоволни од речникот беа и од организацијата Квир Монтенегро која речникот го обвини за хомофобија, просрпските политичари кои тврдат дека станува збор за "кражба на српското историско и интелектуално наследство" кое е лажно претставено како црногорско, и најразлични научници кои предупредуваат на стручни пропусти во него.
Во меѓувреме: