Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии
15 октомври 2026
- Украина ќе ги продолжи нападите врз руските рафинерии, кои ги запре пред неколку дена откако тоа го побара Трамп.
- Претседателот Зеленски истакна дека Русија воопшто не го почитувала „енергетското примирје“ што го прогласи Трамп - двете страни да ги прекинат нападите врз енергетски цели, за да се смири глобалната криза со цената на дизелот.
- Трамп не само што не ги осуди руските напади, туку и ги разлабави санкциите за Москва и ѝ дозволи да продава дизел.
- Зеленски изрази разочарување поради тоа што САД не ја предупредиле Украина за руските напади со балистички проектили на 12 и 13 октомври, а во вторникот ненајавено ја ограничија и поддршката од сателитскиот систем Starlink за украински воени дронови.
- „Готово е. Блокадата за напади врз рафинерии е завршена“, изјави Зеленски во интервју за Фајненшл тајмс.
- Претходно, гостувајќи кај Пирс Морган, Зеленски оцени дека „Украина губи силен партнер“.