- Главниот ирански преговарач Мохамед Галибаф го оцени катастрофалниот пораз на републиканците на изборот за Конгресот како јасен знак дека американските граѓани се против војната со Иран.
- „Американците рекоа ‘НЕ ЗА ВОЈНА’. Ние ја поддржуваме оваа порака“, изјави Галибаф.
- Ако американската влада ја изневери волјата на својот народ за да им служи на меѓународни налогодавачи и уценувачи, ќе сфати дека нашето ’НЕ‘ носи кошмар“, додаде претседавачот на Парламентот на Иран.
- Во последните неколку недели пред изборите американскиот претседател Трамп во исто време се закануваше со нови, уште пожестоки напади врз Иран и разгледуваше нова мировна иницијатива за крај на војната. На прашањето дали ќе нареди нови напади уште во текот на оваа недела, одговори: „Ние сме спремни ако треба, но можеби нема да нема потреба“.
- Ерменија би можела веќе во 2027 или во 2028 година да поднесе официјално барање за членство во Европската Унија, изјави премиерот Никол Пашинјан.
- Премиерот ја опиша временската рамка на процесот: поднесување апликација, одговор од ЕУ, изготвување патоказ и на крајот референдум.
- Ереван сега е фокусиран на дијалогот со Брисел за визна либерализација. Целта е овој процес да заврши до 2029 година.
- Русија објаснува дека Ерменија, како членка на Евроазиската економска унија, не може во исто време да биде кандидат за членство и во Европската Унија. Лидерите на другите членки на ЕАЕУ побараа од Ереван да организира референдум на кој граѓаните би гласале во кој блок треба да учествува нивната земја.
- Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев отворено го предупреди Ереван: „Најлошото нешто што може да ѝ се случи на Ерменија е таа да се претвори во нова Украина“