- Демократите ја вратија контролата врз Сенатот на САД, победувајќи ги републиканците низ целата земја со историски победи што ќе им дадат нова моќ над Доналд Трамп до крајот на неговото претседателствување.
- Партијата ја врати контролата врз Сенатот откако нивните кандидати победија во мноштво држави каде што немаа успех со години, ако не и децении, вклучувајќи ги Јужна Каролина, Северна Каролина, Охајо, Тексас, Ајова и Канзас.
- Заедно со нивниот веројатен триумф во Претставничкиот дом, се очекува демократите да имаат целосна контрола врз Конгресот почнувајќи од следната година, за прв пат од 2022 година.
- Со контрола врз Сенатот, демократите ќе имаат можност да ја контролираат не само законодавната агенда на Трамп, туку и сите назначувања што тој ги прави во неговиот кабинет или федералното судство - вклучително и Врховниот суд, каде што конзервативците имаат мнозинство од 6-3.
- Демократите го презедоа мнозинството и во Претставничкиот дом, што им дава силно политичко оружје да блокираат одлуки на претседателот Трамп.
- До потребното мнозинство од 218 конгресмени стигнаа уште пред да бидат познати резултатите од 90 преостанати изборни трки.
- Претходно републиканците останаа без мнозинство и во Сенатот, откако изгубија најмалку седум места.
- На изборите во сојузните држави презедоа 4 гувернерски позиции од демократите.
- Претседателот Трамп најави дека ќе соработува со демократското мнозинство во двата дома на Конгресот, но одби да ги прифати катастрофалните резултати како пораз на неговата политика. Забележа дека републиканците „убедливо ќе победеле ако неговото име било на гласачките ливчиња“.
- Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски - Боки 13 во предметот „Меѓународен сојуз“. Ослободен е од обвинението за измама и перење пари и преиначена е првостепената пресуда со која беше осуден на пет години затвор.
- Случајот беше отворен во 2020 година. Боки 13 беше обвинет дека измамил двајца бизнисмени за проект за изградба на домови за стари лица, а потоа дел од парите ги искористил за финансирање на телевизијата „1ТВ“ и за лични потреби.
- Во првичната постапка за случајот во 2022 година, Боки 13 беше осуден на 9 години затвор. Во 2024 година Апелациониот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење, по што лани му беше изречена казна од 5 години затвор.
- Јовановски беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“. Апелација му ја намали казната на пет години. Отслужи четири години во „Идризово“, но доби привремен прекин на издржувањето на казната поради влошување на здравствената состојба и беше пуштен на слобода.