Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Кенеди ги брише вештачките бои од храната

Од сите здравствени реформи што ги најави министерот за здравство на САД, оваа се чини најмалку спорна: отстранување на синтетичките бои од храната. Кенеди тврди дека вештачките бои се одговорни за хиперактивност и други проблеми во однесувањето кај децата. Некои сојузни држави веќе укинуваат адитиви, иако регулативата им дава право на прехранбените компании да ги користат.

Бескрајната игранка меѓу протекционизмот и слободната трговија

Со векови трае битката меѓу два економски концепта: протекционизмот на домашното производство и слободната трговија. Резултатите од досегашните епизоди на таа битка не се еднозначни. Демократијата е таква што сака евтини производи што ги овозможува слободната трговија но истовремено и таква што ќе ги заштити домашните производители кога тие се доволно бројни и битни.

Работно место: Папа

Поглаварот на Католичката црква има многу должности и овластувања. Сметан за наследник на Свети Петар, на кого Христос му ја доверил мисијата за управување со Црквата, папата е духовен водач на повеќе од 1,4 милијарда католици ширум светот. Неговата главна улога е да ја зачува и поучува христијанската вера, да ги толкува евангелијата и да го обезбеди единството на Црквата.

Мистеријата на Хорхе Марио Бергољо

Папата Франциско веројатно беше најнеобичниот човек што некогаш седнал на престолот на Свети Петар. Меѓу неговите 265 претходници некои биле неефикасни, други остроумни; имало и злобни и светци; некои многу сакани, други презирани. Но, Хорхе Марио Бергољо беше единствен - во талентот за манипулирање со светското мислење и во извонредната вештина за деструкција.

Почина папата Франциско

Папата Франциско, првиот поглавар на Римокатоличката црква од Латинска Америка, почина денеска на возраст од 88 години. „Драги браќа и сестри, со длабока тага морам да ја објавам смртта на Светиот Отец Франциско“, објави кардиналот Кевин Фарел. Папата во изминатите два месеци страдаше од пневмонија, но имаше сили да се појави на велигденските свечености.

Судбината на жртви на семејно насилство ја решава полициски алгоритам

На дигитален алгоритам во Шпанија му е префрлена одговорната задача да го процени ризикот дали ќе се повторат напади врз жртви што пријавиле семејно насилство, врз основа на анализа на одговори од обемен прашалник. Инспекторите и судиите ја почитуваат препораката во 95% од случаите. Алгоритмот помага, но секоја грешка може да има фатални последици.

Белата куќа ви претставува: Вистинското потекло на ковид-19

Четири години по најлошата пандемија во последните сто години, има сè повеќе докази за хипотезата дека ковид-19 протекол од лабораторија во Кина. Белата куќа документирано ги обвинува докторот Фаучи и негови соработници дека им нанесле голема штета на Американците и дека настојувале да ја прикријат и да ја цензурираат вистината за пандемијата. Еве ги поентите од „Лаблик“.

Кои се најчестите зборови на 616 јазици?

Во обид да го демистифицираат тврдењето дека Ескимите имаат сто зборови за снег, група лингвисти темелно истражувале стотици речници и откриле интересни детали за релативитетот на јазиците. Потврдени се вообичаените стереотипи. Новитет е алатка со која може да се пребара честотата на зборовите во речниците. Штета што во истражувањето не бил вклучен и македонскиот јазик.

Америка го укинува центарот за следење странски дезинформации

Во рамките на американскиот Стејт департмент функционираше канцеларија за следење странски дезинформации и спротивставување на нивните кампањи. Од друга страна, конзервативците ги сметаа овие нивни мисии само како маска за цензурирање на нивните политички натративи, особено на социјланите платформи. Ќе ја укинуваат.

Честито заби од лабораторија

За разлика од некои животни како што се слоновите и ајкулите, луѓето имаат само два сета заби- млечни и трајни, по што како опција остануваа само имплантите и пломбите. Досега. Научници успеале да пораснат заби во лабораториски услови кои се однесуваат како и природните а се поцврсти од нив. Има да крцкаме ореви.

Стејт департментот си го менува ставот што се човекови права

САД грубо ја кратат содржината на извештаите за почитувањата на човековите права низ светот. Ќе бидат исфрлени критики за ограничување на слободата на говор, владина корупција или спречување слободни и фер избори. Темите што се законски неопходни ќе бидат поткрепени со по еден пример. Амнести интернешнел реагира дека тоа ќе го намали притисокот врз авторитарни лидери.

Секој втор ден во Лондон пламнува по еден електричен точак или скутер

Електрични скутери и велосипеди, популаризирани како „чисти“ и практични средства за превоз, не само што создаваат хаос по улиците и пешачките зони, туку се и буквално темпирани бомби што пукаат сами од себе. Проблемот се батериите што ако се прегреат при полнење може да експлодираат со силен оган и токсичен чад. Лани загинале три лица и стотина биле повредени.

Внимателно со компјутерската томографија, ризикот од рак не е мал

Скенирањето со компјутерската томографија рано открива прикриени болести и спасува животи, но научници се загрижени дека претераното користење на оваа технологија го зголемува ризикот од развој на канцер кај пациентите. Иако дозите на јонизирачко зрачење се ниски, ризикот сепак постои. Се препорачува да се ограничат скенирањата само за пациентите на кои тоа им е неопходно.

Макрон нуди „вистина“, Хаити бара репарации

Претседателот Емануел Макрон изрази жалење поради тоа што карипската земја не тргнала по заеднички пат со Франција. Можеби ќе тргнеа, ако со договорот од 1825 година Париз не ја закопа карипската нација до гуша во долгови и камати. Макрон не се извини за двојното поробување на Хаити и го премолче барањето неговата земја да плати репарации за ропството.

Си ги чистиме забите со токсини и тешки метали

Повеќето пасти за заби опфатени со независно тестирање содржеле олово и други тешки метали ризични за здравјето. Дури и оние за деца. Производителите се оправдуваат дека концентрациите не го преминуваат максималниот праг дефиниран во регулативите, но ниту едно ниво на изложеност на олово, арсен, жива или кадмиум, кои се канцерогени, не може да се смета за здраво.

Вештачката интелигенција ќе биде столб на образовнието во Кина

Кинезите цврсто решиле да доминираат во технолошкиот развој и иновациите. Откако го шокираа светот со капацитетите на јазичниот модел Дипсик, сега ја вградуваат вештачката интелигенција во училиштата. Не само како наставен предмет, туку како темел на големиот ремонт на образовниот систем, со цел да надградат млади таленти во двигатели на иновациите и економскиот развој.

Илон Маск ќе ја гради Златната купола на Трамп?

Спејс Икс на Илон Маск е најсериозниот кандидат за да ја гради Златната купола на Трамп - штит за одбрана на САД од напад со проектили. Ќе треба да постави нова мрежа од сателити кои рано ќе откриваат непријателски проектили и ќе ги следат додека летаат кон САД. Друго јато сателити вооружени со ракети и ласери ќе треба да ги соборат. Проектот чини стотици милијарди долари.

Што остана од слободата на говор ако ја протераат од пабовите?

Лабуристичката влада на Британија е решена цврсто да ги брани правата на работниците дури и ако за таа цел откине парче од слободата на говор, дури и во пабовите. Министерка тврди дека пабот нема да биде затворен ако бармен се навреди од ставови на гости на кои случајно им го слушнал разговорот. Но на муштериите им го згорчи пивото: ќе треба добро да помислат пред да кажат било што.

Сексуално вознемирување е дозволено, сè додека продуктивноста не опаѓа

Службеничка од Њу Орлеанс, отпуштена поради долга историја на сексуално малтретирање на своите колеги, е вратена на местото на злосторствата. Градските власти оцениле дека не можат без неа, бидејќи им паднала продуктивноста. Жртвите ќе мора да ѝ простат и да продолжат да трпат. Фали уште некој да се сети да ангажира сексуални предатори за да поттикне поголема продуктивност. 

Далечна планета дава знаци на живот

На планета во соѕвездието Лав многу поголема од нашата се откриени траги на две соединенија што на Земјата ги создава само биолошка активност. Астрофизичарите го сметаат тоа за досега најубедлив доказ дека живот постои надвор од Сончевиот систем. Нема знаци за вонземна цивилизација, но откритието ни помага да одговориме на вечното прашање дали сме сами во Универзумот.

ЕУ само ги преуредува лежалките на Титаник

Мото на ЕУ беше In varietate concordia („Единство во различноста“). Со децении европските елити ја негуваа сентименталната визија за отворени граници и хуманитарност, додека луѓето што тие наводно ги претставуваа станаа погневни и повознемирени поради дестабилизирачките ефекти на масовната миграција. Сега ќе ги носеле илегалните мигранти на Косово, во Багладеш.... Така било тоа.

На пат сме да ги решиме сите алергии - одеднаш

Пред еден век антихистамините беа револуција во третманот на алергија. Нови клинички испитувања покажуваат дека уште поефикасни против алергии се лекови со моноклонални антитела што се наменети за астма. Една инјекција може да ги спречи симптомите цела пролетна сезона, не предизвикува непосакувани реакции и може да дејствува против сите типови на алергии. 

Со мерки за одвраќање Европа ги задржа мигрантите подалеку од своите граници

Европската стратегија со мерки за одвраќање да ги задржи мигрантите подалеку од нејзините граници постигнува резултати. Во првите три месеци од годинава за 31% е намален бројот на нелегални преминувања на границите, објави агенцијата Фронтекс. Мигрантите годинава најчесто ја заобиколуваат рутата преку Западен Балкан. По неа тргнале две третини помалку луѓе од лани. 

Британскиот Врховен суд пресече: Трансродовите жени не се жени

Врховниот суд на Обединетото Кралство пресуди дека транс-родовите жени, во правна смисла не се жени бидејќи легалната дефиниција на жена е базирана на биолошкиот пол а не на стекнатиот род. Tрансродовите лица повеќе нема да може да се жалат дека неправедно им се одземени правата да користат тоалети и соблекувални за жени.