Што остана од слободата на говор ако ја протераат од пабовите?

Лабуристичката влада на Британија е решена цврсто да ги брани правата на работниците дури и ако за таа цел откине парче од слободата на говор, дури и во пабовите. Министерка тврди дека пабот нема да биде затворен ако бармен се навреди од ставови на гости на кои случајно им го слушнал разговорот. Но на муштериите им го згорчи пивото: ќе треба добро да помислат пред да кажат било што.

Оправдувајќи го контроверзниот Закон за право на вработување, британската министерка за транспорт Лилијан Гринвуд ги отфрла критиките дека широко толкување на одредбите е закана за затворање на пабови во случај ако вработен пријави дека бил вербално загрозен или згрозен од муштерии.

Министерката додава дека владата ќе го брани правото на сите вработени да работат во безбедна средина. Работодавците ќе се соочат со санкции ако не успеат да ги заштитат работниците од малтретирање од „трети страни“, односно од муштерии или клиенти. За да биде постигнато тоа во критични средини како пабовите „ќе мора да се направи баланс помеѓу слободата на говор и работничките права“.

Лордот Јанг од Актон вели дека дупки во законот оставаат простор вработен да се почувствува загрозен дури и од ставови на гости што не ги слушнал лично, туку му ги раскажал колега. Лордот поднесе амандмани, со кои бара законот да не опфаќа гласно изразени ставови за политички, морални, религиозни или социјални прашања „освен ако тие не се непристојни или претерано навредливи“.

Луѓето слободно може да водат приватни разговори, но тоа треба да го направат на начин да не ги повредат правата на другите луѓе да работат во безбедна средина. Многу сме многу горди што го воведуваме најдоброто законодавство што постои со генерации за да се осигураме дека луѓето се добро заштитени на работа, изјави министерката Гринвуд.

Види и:
Кир Стармер решил да ги брани по секоја цена

17 април 2025 - 12:32