Честито заби од лабораторија

За разлика од некои животни како што се слоновите и ајкулите, луѓето имаат само два сета заби- млечни и трајни, по што како опција остануваа само имплантите и пломбите. Досега. Научници успеале да пораснат заби во лабораториски услови кои се однесуваат како и природните а се поцврсти од нив. Има да крцкаме ореви.

Фото: ЕПА

Откритието на истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека откритието може да понуди алтернатива за пломбите или забните импланти. Тимот развил иновативен материјал кој ја имитира околината потребна за развој на забите, дозволувајќи им на клетките да комуницираат меѓу себе и да почнат да формираат заб.

За разлика од имплантите и пломбите кои се статични и не можат да се прилагодат на промените во устата со текот на времето, забите израснати во лабораторија, направени од клетките на пациентот, би можеле природно да се интегрираат во вилицата, однесувајќи се како вистински - со способност за регенерација и прилагодување. 

Пломбите не се оптимално решение бидејќи со текот на времето  можат да ја ослабат структурата на забите и имаат ограничен животен. Имплантите пак, бараат инвазивни хируршки процедури и добра компатибилност помеѓу имплантот и коската на вилицата. Двете решенија се вештачки и не ја враќаат целосно природната функционалност на забите.

Од друга страна, забите израснати во лабораторија природно би можеле да се регенерираат и да се интегрираат во вилицата исто како и вистинските. Тие би биле посилни, подолготрајни и нема да носат ризик од отфрлање.

19 април 2025 - 09:30