Америка го укинува центарот за следење странски дезинформации

Во рамките на американскиот Стејт департмент функционираше канцеларија за следење странски дезинформации и спротивставување на нивните кампањи. Од друга страна, конзервативците ги сметаа овие нивни мисии само како маска за цензурирање на нивните политички натративи, особено на социјланите платформи. Ќе ја укинуваат.

Од крајот на 2024 година, канцеларијата беше издвоена од поголемиот Центар за глобален ангажман, кој долго време беше критикуван од конзервативците дека меѓународната мисија е само маска за цензурирање на американските конзервативци. 

Во 2023 година, Илон Маск го означи центарот за „најлошиот престапник во областа на цензурата и медиумската манипулација на американската влада“ и „закана за нашата демократија“. 

Со години конзервативците го обвинуваа центарот за главен плејмејкер во нивното цензурирање на големите социјални платформи.

„Под маската на борбата против „дезинформациите“, Федералната влада ги прекрши уставно заштитените права на американските граѓани форсирајќи го преферираниот наратив на Владата за значајни прашања од јавната дебата, гласи објаснувањето на извршните уредби со кои се гаснат ваквите канцеларии.

На нишан се и Агенцијата за сајбер и инфраструктурна безбедност на Министерството за домашна безбедност и Интернет опсерваторијата Стенфорд, која спроведе широко цитирано истражување за тековите на дезинформации за време на изборите.

Досегашните американски проценки велеа дека Русија троши 1,5 милијарди долари годишно за кампањи за странско влијание, во 2022 година, радиодифузијата на Исламската Република Иран, нејзината примарна странска пропаганда, имала буџет од 1,26 милијарди долари а  Кина троши до 10 милијарди долари годишно на слични цели.

19 април 2025 - 10:08