Вести

Добра вест за овците: Можете и без овчар

Банкротот на еден новозеландски фармер пред речиси еден век довел до необичен природен експеримент. По пропаѓањето на фарма на субантарктичкиот остров Кембел во 1931 година, околу 4.000 овци биле оставени сами да се снаоѓаат. Децениската изолација и животот во сурови услови создале популација со ретки наследни особини.

ЕУ ја спакува и амбалажата во бирократија

Економистите, бизнисмените и стопанските комори со години попусто се жалат дека Брисел и Берлин со секоја нова директива уште повеќе ја гушат економијата. Есенската сезона на реформи носи нови апсурдни закони што ги излудуваат фирмите, како воведувањето „комесар за амбалажа“ и обврската за овластени претставници во сите 27 членки на ЕУ.

Потонаа акциите на „Трамп медиа“

Вредноста на акциите на фирмата зад социјалната мрежа на Трамп упорно паѓа по поразот на републиканците на изборите за Конгресот. Паднаа на 4 долари, од 80 долари, колку што вредеа пред две години. Инвеститорите се жалат дека се предадени. Вредноста на акциите на Truth Social на берзите сега се следи како барометар за популарноста на Трамп меѓу Американците.

Речник

Затворени врати повеќе нема да спасат мигранти од депортација

Белгиските пратеници го изгласаа контроверзниот закон со кој на службата за имиграција ѝ се овозможува ненајавено да упаѓа по приватни домови за да приведува нелегални мигранти што добиле налог за депортација. Претресите ќе бидат ограничени на лица на кои им е одбиено барањето за азил во Белгија и кои се сметаат за закана за јавната безбедност.

Демократите добија моќ да го сменат изборниот систем во САД

Изборното „сино цунами“, со кое ја презедоа командата на Конгресот на САД им овозможи на демократите да спроведат изборна реформа која некогаш се сметаше за невозможна: да го отфрлат архаичниот и непопуларен Изборен колеџ. Веќе од 2028 година претседателот на САД би можел да биде избран со мнозинство гласови на национално ниво.

Левицата бара Германија да плаќа „климатски репарации“

Партијата на левицата не се откажува од напорите да го продлабочи чувството на историска вина меѓу Германците. Сега бара од владата во Берлин да се обврзе да им плаќа отштета на сиромашните земји низ светот затоа што Германија низ сопствениот индустриски развој во изминатите два и пол века претерано испуштала гасови од фосилни горива. 

Урсула фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои

Она што го сметавме за светски поредок станува светски неред, предизвикан не само од борбата за моќ меѓу Кина и САД, туку и од империјалистичките амбиции на Путин, вели претседателката на Европската комисија. Урсула фон дер Лајен најавува нова Европска Унија, подготвена да излезе во големиот свет и да игра активна улога во обликувањето на новиот светски поредок што доаѓа.

Високиот холестерол не мора да значи висок ризик за срцеви болести

Ново истражување го оспорува долгогодишното верување дека високиот холестерол директно предизвикува коронарна артериска болест кај метаболички здрави лица чие ниво на ЛДЛ холестерол се зголемува поради кетогена диета со ниски јаглехидрати. Овие лица имаат високи нивоа на ЛДЛ без траги од коронарна артериска болест или прогресија на болеста со текот на времето.

Запалете го сето тоа

Со или без Трамп, меѓународниот трговски систем треба да биде испратен по ѓаволите. Ни ја продаваа идејата дека глобализацијата навистина функционира, но дека е тешко за обичните Американци да го видат тоа бидејќи се потонати во горчина и носталгија. Фалена како лек, слободната трговија се покажа суштински корумпирана и треба да биде разнесена до небото.

Можеби има плус милијарда луѓе на планетава

Пописите воопшто не се прецизни во руралните средини, каде што живее 40% од светското население. Ново истражување открило грешки до 84%, што значи дека згора на официјалните 8,2 милијарди луѓе, планетава трпи уште барем милијарда што ги нема во статистиките. Со истражувањето била опфатена и Македонија. Кај нас реално има нешто помалку луѓе отколку што кажува пописот. 

Венс до Европа: Не е добро да ни бидете вазали

„Европа не треба да го прави сè она што ќе ѝ го кажат Американците“. Оваа порака не доаѓа од Брисел, Париз или Берлин, туку од американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Вториот човек на Белата куќа ѝ порачува на Европа дека Америка ѝ останува пријател и сојузник. Само сака Европа да се соочи со реалноста, да биде понезависна, воено посилна и поодговорна кон сопствените граѓани.

Германија е против проширување на ЕУ по сегашните правила

Новата германска влада бара од ЕУ да се откаже од принципот на консензус за да може да продолжи проширувањето. Правото на вето на секоја земја е кочница за прием на нови членки. Ова го порача и францускиот претседател Макрон пред неколку години: прво реформи па проширување. Ако сега Европа не може до консензус со 27 членки, како ли ќе ѝ успее кога ќе има 35?

Што всушност сака Трамп од Канада?

Кога во првиот мандат Трамп го пречека Трудо во Белата куќа (и цврсто му ја стискаше раката), говореше за „соседи што споделуваат многу повеќе од граница“. Во вториот мандат ја нарекува Канада „51 држава на САД“. Северниот сосед нема одговор зошто Трамп со територијалните претензии ги загрозува односите со најблискиот дипломатски, економски, воен и културен сојузник. 

Рекорден број мигранти со чамци пристигнуваат во Британија

Нема ништо од тврдењата на Кир Стармер дека ќе го реши проблемот со мигрантите и со шверцерските банди што ги транспортираат преку Ла Манш. Годинава со чамци пристигнале многу повеќе отколку во истиот период лани. Опозициските ториевци го обвинуваат премиерот дека единствениот план за заштита на границата му е „да се моли за лошо време“.

Кети Пери го допре прагот на вселената, но каде е тоа?

Пејачката Кети Пери, новинарката Гејл Кинг, свршеницата на Џеф Безос и уште три сопатнички го завршија својот краток вселенски излет со леталото „Blue Origin“ на Безос. Се спуштија безбедно во Тексас откако поминаа 11 минути на височина од 100 километри. Задоволството од неколку минути во бестежинска состојба, значката со сребрени крилја и дипломата „астронаути“ чинат 150.000 долари.

САД немаат дефицит: Ја израмнуваат сметката со извоз на долари

Претседателот Трамп го наведува трговскиот дефицит како доказ дека странците всушност ги ограбуваат Американците. Но, во пресметката на дефицитот се заборава на доларите што странците ги чуваат како резерви за да си обезбедат сигурна куповна моќ. Тој извоз што не се книжи во сметководството ја порамнува трговската размена и ја прави Америка богата и просперитетна.

Паркинсоновата болест е создадена од човекот

За науката не е случајно тоа што Паркинсоновата болест почесто се појавува во земјоделски региони труени со глифосатии паракват. Сепак сè уште се прска и ќе се прска со овие пестициди. Холандски експерт го споредува ова со задоцнетото свестување од канцерогеноста на азбестот. Науката навреме предупредува, политиката не реагира, па дури по половина век ќе се прашаме „Што по ѓаволите мислевме?“.

Париз виде аир (& air) од забраната на колите

Во воздухот во Париз буквално може да се забележат резултатите од политиките за ограничување на сообраќајот и за забрана на возилата што најмногу загадуваат. Многумина се бунеа, но мерките ги поттикнаа парижани да ги заменат автомобилите со велосипеди, да користат јавен транспорт и да пешачат. Покрај здравите навики, денес дишат двојно почист воздух и имаат поголеми зелени површини. 

Егзистенцијална судска битка на Мета за да ги задржи Инстаграм и Вотсап

Компанијата на Марк Закерберг се соочува со антимонополски судски процес што може да ја разбие како империја и да ја остави без главните извори на профит. Владата на САД настојува да докаже дека Мета со купувањето на Инстаграм и на Вотсап настапила монополски за да ги истисне заканите за нејзината доминација. Главниот адут на Закерберг е лобирањето кај Трамп.

Како вештачката интелигенција ги толкува мачканиците на Роршах?

Повеќе од еден век, Роршах тестовите со рандом дамки од мастило се користат како прозорец кон личноста на луѓето. Таквите тестови ја разигруваат човечката имагинација и способноста на нашиот ум да му дава значење на светот околу нас, во зависност од нашата психа, спомени, емоции... Но, како тие дамки ги толкува некој што нема ни психа, ни спомени, ни емоции?

Израел е на пат да ја испразни Газа

Прашањето повеќе не е дали туку кога и каде ќе бидат депортирани Палестинците од Газа. Израелскиот врв се двоуми дали да ги префрли во Египет или пак да им најде нов „дом“ во Африка. Потоа само ќе треба да дојдат багерите да израмнат и да се посее трева, базени и туристички комплекси за ривиерата на Трамп. Само, стварно ли веруваат дека тоа ќе стави крај на палестинската и арапска приказна?

Бенкси е жена?

Идентитетот на уличниот уметник кој остава впечатливи визуелни дела со извонредно моќни и прецизни социјални коментари, над 30 години е вистинска енигма која многумина се обидуваа да ја хакнат. Едно време се поврзуваше со Масив Атак но човек кој со години бара траги на оваа тема вели дека Бенкси се бара на погрешно место - меѓу машките уметници.

Што ти е Германец, ќе му даваш пари онака а тој пак ќе работи

Германска студија ги истражувала ефектите од таканаречениот универзален основен приход па три години на луѓе им давала пари секој месец, без никаква обрска како и за што ќе ги трошат. Студијата ја демантира главната секирација - дека таквиот џепарац ќе ги направи луѓето мрзливи. Да повтгориме, се работи за Германија.

Кина е подготвена за битка

Доналд Трамп се пуваше дека светски лидери „му бацуваат газ“ во обид да преговорат поволни царински договори со Соединетите држави. На вечера за собирање донации ги исмеваше, имитирајќи ги како му се увлекуваат. Не кажа на кои земји мисли, ама е јасно дека во тоа купче не беше Кина. Нејзината реплика на објавувањето трговска војна од Вашингтон беше: Ајде!

И бактериите знаат да се себични

Молекуларни биолози открија бактерии во хрватски езера што себично акумулираат хранливи материи во своите клетки, наместо да ги разградуваат. Тоа им овозможува да доминираат над другите. Необичното однесување ја загрозува еколошката стабилност на езерата и влијае на распределбата на хранливите материи од најмалите микроби до животните што се потпираат на нив.

Кој најмногу паѓа на лажни вести?

Глобална студија спроведена на над 66.000 луѓе открива дека леснотијата на наседнување на дезинформации варира во зависност од возраста, полот, образованието и политичката идеологија на луѓето. Интересно е што најмногу во заблуда се оние што се сигурни и самоуверени во своите способности да не наседнуваат на лажни вести.

Прва бензинска пумпа во вселената

За да не се парализираат откако ќе им се потроши горивото, сателитите и вселенските летала во орбитата наскоро ќе имаат на располагање „бензиска пумпа“. И нема да треба никој да ги турка до станицата, туку горивото ќе им биде испорачано и танкирано за неколку часа. Ако проектот успее, резервоарите на идните летала ќе бидат помали и ќе бидат полесни за лансирање. 

Кина запре пустина голема колку Германија

Вредните Кинези за помалку од половина век успеаја да направат градежен подвиг што може да се споредува со Великиот ѕид. Зелениот појас околу пустината Такламакан, голема колку Германија, не е помало светско чудо. Го засади армија од 600.000 луѓе. Не само што Такламакан нема да ги пустоши земјоделските површини, туку наскоро ќе генерира струја од обновливи извори.

Кенеди: До септември ќе ги знаеме причините за аутизмот

Згрозен од зголемениот број случаи на аутизам во САД, претседателот Трамп бара да се утврдат причините. Да не е исхраната? Можеби е некоја вакцина? Министерот за здравство Кенеди вети одговор до септември. Здруженијата се сомневаат дека човек што веќе ги поврзува вакцините со аутизмот може да испорача вистински одговор. Плус, истрагата ќе ја води човек што без лиценца лекувал дете.

Мексико собира вода за да им го плати долгот на САД

Мексиканците бараат начин како да ја исполнат квотата на вода што преку реки и акумулации се обврзани да им ја достават на САД. Им преостануваат само шест месеци да испорачаат вода колку за три и пол години. Ако не го направат Рио Гранде повторно „гранде“, веќе знаат што ги чека. Фармерите од Тексас се жалат дека Мексико им ја краде водата, а оние од Чивава се спремни да ја бранат.