Мат Таиби

Запалете го сето тоа

Со или без Трамп, меѓународниот трговски систем треба да биде испратен по ѓаволите. Ни ја продаваа идејата дека глобализацијата навистина функционира, но дека е тешко за обичните Американци да го видат тоа бидејќи се потонати во горчина и носталгија. Фалена како лек, слободната трговија се покажа суштински корумпирана и треба да биде разнесена до небото.

***
Дури и Русите се разочараа од глобализацијата побрзо од американските гласачи, кои наседнуваа на говорите на републиканците, а потоа на демократите, дека договорите за слободна трговија ќе донесат подобар животен стандард на долг рок. Што се однесува до изгубените фабрички работни места, им беше кажано да не се грижат: секој што е „легитимно раселен“ поради новите политики ќе има право на преквалификација.

Се чинеше очигледно дека НАФТА, СТО и проширувањето на пристојните трговски аранжмани со Кина и другите неслободни зони на труд беа гигантскиот крај на американските закони за труд, безбедност и животна средина. Тоа беше шема за одземање средства, дизајнирана да им помогне на извршните директори да ги зголемат своите акции со намалување на трошоците за американските делови, работната сила и почитувањето на регулативите.

Нешто големо доаѓаше да ги замени тие стари фабрики и упорно ни кажуваа за придобивките од пристапот до „најголемиот пазар во светот“. Навистина, претходните напори да се добие пристап до Кина завршија со солзи, но овој пат беше поинаку, бидејќи, како што рече МекНил во 1994 година, „по децении лишувања Кинезите имаат пари и се подготвени да купуваат“.

Тоа не се случи. Кина никогаш не ги отвори своите пазари, а трговската нерамнотежа продолжи да се дуе, заедно со постојаните приговори за насилни практики. По пресудите од Министерството за трговија, од Министерството за правда или од СТО, Кина ќе признаеше манипулација со валута, копирање или каков било друг прекршок, ќе ветеше дека ќе престане и само ќе продолжеше. Фактот дека тие секогаш беа таму за да купуваат кога Америка издаваше обврзници беше очигледно огромен фактор за да замижиме.

„Њујорк тајмс“ им даде поддршка на Дејвид Брукс и Томас Фридман во осудувањето на „толпата изгубена во фалењето на возбудливиот нов свет на иновации без граници“. Фридман велеше дека многу скоро никој нема да има избор освен да се збогати од глобализацијата (која ја нарече „златна лудачка кошула“), систем во кој можеби нема да има работа за сите, но за секого ќе има парче. Упорно тврдеше дека префрлањето на фабриките во Кина магично ќе им користи на местата што ги изгубиле:

Ако Џенерал моторс изгради фабрика во Шангај, во исто време создава работни места во Америка со извоз на многу стоки и услуги на сопствената фабрика во Кина и извлекува корист од пониските цени на делови во Кина за своите фабрики во Америка.

Тарифите на Трамп го вратија на темата, но со поинаков став. Фридман овој месец објасни дека слободната трговија не била одлична за САД, но сè е добро додека можеме да прифатиме малку да нè искористат:

Светот беше таков каков што беше светот во последните 80 години, бидејќи Америка беше... суперсила подготвена да дозволи другите земји да ја искористат во трговијата, затоа што претходните претседатели сфатија дека ако светот постојано расте побогат и помирен, и ако САД само продолжат да го земаат истиот дел од глобалниот БДП (околу 25%) ќе напредуваат зашто вкупната пита постојано ќе расте. Токму тоа се случи.

Неколку дена подоцна, тој одлучи дека не е против тарифите за Кина. Апсолутно треба да ги воведеме, рече тој, само не сами.

Дали треба да продолжиме вака засекогаш или да правиме нешто? Дури и најголемите мегафони во медиумите признаваат дека ситуацијата е неодржлива, но се држат до идејата дека нешто треба да се направи постепено.

Глобалната економија создадена од двете партии од осумдесеттите години наваму, не само што беше дизајнирана да биде џиновски предаторска катастрофа, туку и не е возможно да се врати назад. Заборавете „постепено“, мора да се експлодира. Дали е подобро уште од ова и бавна смрт?

Мат Таиби Racket.news

15 април 2025 - 17:36