Прва бензинска пумпа во вселената

За да не се парализираат откако ќе им се потроши горивото, сателитите и вселенските летала во орбитата наскоро ќе имаат на располагање „бензиска пумпа“. И нема да треба никој да ги турка до станицата, туку горивото ќе им биде испорачано и танкирано за неколку часа. Ако проектот успее, резервоарите на идните летала ќе бидат помали и ќе бидат полесни за лансирање. 

На некои 36.000 километри над Земјата вселенско летало со пристап до голем резервоар ќе долева гориво до орбиталните летала и сателити.

Компанијата „Астроскејл“ на лето идната година ќе го почне амбициозниот проект за изградба на „бензиска пумпа“ во вселената. Мисијата е финансирана од Пентагон за опслужување на леталата на американските Вселенски сили

Во експерименталната мисија танкерот на „Астроскејл“ од 300 килограми ќе треба да налее гориво хидразин во сателит и да се врати до резервоар по нова пратка.

Досега немало случај на ретанкирање во вселената. Сите летала го користат сопствениот резервоар, наполнет до врв пред лансирањето. Енергијата што со панелите ја генерираат од сончевите зраци се користи за струја за уредите, но не и за придвижување.

Оваа мисија од корен ќе промени што се можеме да правиме во вселената, изјави менаџерот на програмата, Ијан Томас.

Планот е леталото за танкирање да биде лансирано до геостационарна орбита и да се движи со иста брзина со која ротира Земјата, практично да биде фиксно над одредена точка.

Првата мисија ќе му биде да се приближи до сателитот тетра-5, да му испорача гориво и по одвојувањето да провери со камера дали има истекувања. Потоа ќе се врати до главниот резервоар и така натаму.

Ќе биде подолго отколку полнење гориво во автомобил, но би требало да може да се направи за неколку часа, објаснува Томас.

Ако системот профункционира, ќе отвори огромни дизајнерски можности, зашто ќе се намалат резервоарите на леталата и нивната маса пред лансирање.

11 април 2025 - 15:18