
Заклучокот на студијата дека поголема е веројатноста во лажни вести да поверуваат младите од генерацијата З, жените, конзервативците и лицата со пониско образование.
Меѓутоа генерацијата З и жените биле прилично прецизни во проценувањето на сопствените слабости, за разлика од анкетираните лица со повисоко образование кај кои е забележана тенденција да ги преценуваат своите вештини.
Прашањата биле од типот:
- Мала група луѓе ја контролираат светската економија со манипулирање со цената на златото и нафтата;
- Владата масовно ја прикрива вмешаноста во 11 септември;
- Околу една четвртина од големите американски весници отпуштени вработени во 2018 година.
Без разлика кој сте, без разлика што мислите дека знаете, никој од нас не е имун на дезинформации. Сите сме редовно изложени на дезинформации и сите веројатно ќе паднеме на тоа во одреден момент, оцени покровителот на студијата, психологот Фридрих Гец од Универзитетот во Британска Колумбија (УБК).
Лажните вести најтешко ги препознавале лицата што се изјасниле дека имаат поекстремни конзервативни ставови. Изненадува слабата способност за препознавање лажни вести меѓу младите луѓе, за кои се смета дека растењето во постојан допир со дигитални содржини им дава супериорна дигитална писменост.
Многу влади во моментов не се обидуваат да го решат овој проблем. Уште полошо, во поларизираниот свет во кој живееме, некои актери и политичари може намерно да го вооружат, оценува Гец.